Емил

среда, ноември 29, 2006

КАКАДУ

Јас над тебе,
ти над мене.
Јас и ти сме над,
а ти и јас сме под.
Чудна е оваа комбинација.
Понекогаш се прашувам
дали вакуумот ќе
ја издржи тежината
на нашата простодушност
и дали би можеле
да дишеме без
взаемната помош
наречена “уста на уста”.

1996

Етикети:

четврток, ноември 23, 2006

ШТО НАПРАВИ ВИУЛИЦАТА?

Во утрото свежо
паѓа тежок мрак.
Во мракот свеж
започнува тешка виулица.
Фиуууууууууу.....
Уф, уф, што ќе беше ова?
Мама под сопствениот
фустан се крие.
- Не плаши се од мене, - вели
мракот во тишината, облеан
во роса, со мирис на утрината.
Еј, види, на прозорецот
самовила се залепила,
а тој ја турка од себе
како да е зла вештерка.
Плочките во бањата
започнуваат да се тетерават
и како епилептичари
паѓаат врз замрзнатиот бетон.
Мама сé уште под
фустанот се крие.
Јас се вртам и погледнувам
кон транзисторот.
Еј, тато си ја зел главата,
си ја ставил под левата мишка
и си ја чеша косата,
размислувајќи за
мудроста на сопственото тело.
Одеднаш се разденува.
Виулицата престана,
самовилата одлета,
мама го соблече фустанот,
плочките се смирија,
а тато се фрли низ прозорецот.

1997

Етикети:

сабота, ноември 11, 2006

0:58

Иако на знам да го кажам
она што сакам да го речам,
сепак тврдам дека сé што
гласно вика е глагол
со кој се означува
бескорисно говорење.

1996

Етикети:

петок, ноември 10, 2006

НОВОГОДИШНАТА НОЌ

Марија Новакова ја отклучи вратата и влезе во својот стан. Надвор паѓаше снег. Го соблече капутот и го истресе снегот од капата. Носот и беше црвен од декемвриското студенило. Потсвирнувајќи таа седна на табуретката и со мака ги собу чизмите. Чувствуваше дека прстите и изѕемнале и дека ќе мора да облече дебели чорапи, за да се загрее. Кога влезе во собата виде дека пред да излезе направила голем неред и не знаеше од каде да почне. Сепак седна на двоседот и го вклучи телевизорот. По петнаесет минути беше веќе заспала. Кога се разбуди беше ноќ. Таа само изусти:
- Do holery jasnej!
Занеше дека долго време спиела, и дека во сонот се беше вратила назад во својот роден град. Ах, колку ли само и недостасуваше нејзиниот сакан Краков. Ги потсобра работоте што беа расфрлани околу неа и повторно седна да гледа телевизија. Знаеше дека и оваа ноќ ќе ја помине сама.
- Подобро би било да заспијам.
Ја стави главата врз украсната перница и повторно отпатува.

Презиме: Новакова
Татково име: Адам
Име: Марија
Датум на раѓање: 31.12.1972
Место на раѓање: Краков, Р.Полска
Националост: Полјачка
Брачна состојба: ОСАМЕНА
1999

среда, ноември 08, 2006

ПОСЛЕДНИОТ ОД ОВОЈ ВИД

Кога Петре го отвори прозорецот, беше речиси полден. Тој обожаваше да станува доцна и барем еден час по будењето да седи така оптегнат на прозорецот со омиленото “утринско” кафе и десетина испушени цигари. Еве веќе три години тој е невработен правник, но тоа нему воопшто и не му пречи, бидејќи, како што вели тој, за се си има време. По утринското кафе и мезе - цигарите, го зема телефонот во раце и започнува со “утринската” фоно - обиколка низ градот. Така. Веќе е три и тој ја очекува мајка си да се појави на врата и да почне да го “гњави” со своите приказни за тоа како тој ништо не прави во животот, освен што по цели денови се излежува и скита по улиците. И беше така. По ова “предавање” следува второто, и кој друг ако не проф. д-р Татко Му. Господинот Александар Ѓорчев беше високопочитуван човек во македонското општество. Тој работеше како потсекретар за односи со странство во МНР. Откако се појави на врата г-н Александар Ѓорчев ја спушти на земја актовката, го соблече мантилот, седна на табуретката, која се наоѓаше во ходникот и почна да вика:
- Ебате животот. Триесет години работам, за што? За да може еден мочко од дваесет и пет години да ме заебава. Па, ќе ме заебава, кога овој овде пред три години дипломираше и се уште не знае креветот да си го намести. Слушаш ли ти? Тебе ти се зборува!
На овој секојдневен монолог Петре реагираше како и секогаш: си палеше цигара, си заминуваше во својата соба, и секако пушташе гласна музика, за да не го слуша гласот на татко му.
По само пет минути во собата влезе мајка му, Мира:
- Петре на татко ти му е лошо, ајде да го однесеме на лекар. Почна да го стега срцето, подобро сега да го однесеме, да му дадат инјекција, отколку да стане полошо.
На оваа молба Петре стана, се облече на брзина, го зеде клучот од колата и со татко си под рака замина. По еден час се врати, сам.
- Каде е татко ти? Што се случи? - во паника запраша Мира.
- Го задржаа во болница. Ќе го пуштат утре, не е ништо страшно. Дај ми сега да јадам, зашто за пола саат треба да излезам.
1999

петок, ноември 03, 2006

ИГРОЗБОРКА

ЕМИЛЕ, КОПИЛЕ!

ЕМИЛ Е КОПИЛЕ!

ЕМИЛ Е КО ПИЛЕ!

Етикети:

СЕЌАВАЊАТА СЕ ВРАЌААТ

Денес се разбудив во 11. Знам дека е ноември. Знам дека надвор е ладно. Се уште не бев погледнал низ прозорецот, а ми дојде некое познато чувство. Не ми требаше многу време да сфатам за што станува збор. Тоа е она чувство нод море. Вечерта врнело, а наутро светнало сонце, ладничко е, ама не толку за да облечеш нешто плус. Ветерот дува и го бранува морето. Се уште е рано. Во 12 ќе биде потопло и ќе се капеме во морето.
И ете, додека го пишувам ова, ме лазат морници и ми навираат солзи на очите. Зошто? Заради изгубената љубов. Не, не е некој, ами нешто. Морето. Не знам зошто, ама мојата најголема љубов е морето. А, него го нема.Се сеќавам пред две години бев на море со две другарки. Кога првпат влегов во топлата и тиркизна вода несвесно по:нав да правам некакви движења. Јас всушност го гушкав морето. Тоа го забележаа и моите две другарки. Констатиравме: Емил го гушка морето. Почнаа да се смејат, а мене не ми беше смешно - јас бев во прегратките на мојата најголема љубов!