Емил

вторник, септември 12, 2006

БАЛКАН БОЈ

Мојот претходен пост го започнав со една мисла како изгледаат мажите кај нас. И токму во него ја изложив идејата за слобода на градње сопствени критериуми. Но, дали е се така едноставно како што би требало да биде?
За нас велат дека страдаме од Балкански синдром. Не би се сложил. Сум патувал, сум видел, сум се запознавал. Секаде има различни луѓе, па според тоа, и различни мажи. Проблемот е еден: колку мажите држат до себе и до личната хигиена?
Јас јавно и без срам изјавувам дека ги отстранувам влакната под мишки. Можеби тоа е интимна работа и многумина сметаат дека не треба да се зборува за тоа. Е, треба! Зарем не ви се случило во некој жежок летен ден до вас да застане некој маж, да ја крене раката угоре, а со тоа вие да се најдете лице в лице со неговата грмушка. Токму тогаш сфаќате дека нешто не е во ред. Што би рекле нашите северни соседи „заудара„.
Колку ваквиот феномен кај мажите е доказ дека некој е маж? Јас би рекол дека е сосема спротивно. Остај што апсолутно не е хигиенски, во повеќето случаи и неестетски, ами се работи за немање храброст. Некој едноставно нема храброст да ги симне тие влакна од под мишките и да покаже дека е чист, уреден и оти не му е гајле што мислат другите за тоа.
И уште едно нешто. Сте забележале ли колку мажите не внимаваат на своите стапала? Зарем е толку тешко да се отстрани „кората од кашкавал„ од нив? И повторно, прашањето не е естетско, ами хигиенско, а секако и здравствено. Во тие „кори од кашкавал„ се котат милион бактерии, па дури и паразити. Во тие процепи влегува се и сешто собрано од улицине. А, да не зборуваме дека секој ортопед ќе ви потврди дека таквата ситуација влијае и врз рамнотежата, зашто се губи чувтвото при одењето. Та, тоа е мртва кожа, изумрени клетки, зошто да стојат на нас?
Трет феномен - мрсна коса. Замислете, сосема е дозволено во нашите услови мажите да имаат мрсна коса. Да, тие треба да ја мијат еднаш неделно. Не е важно што и на неа се лепи се и сешто од возухот, се лепи прав, па сето тоа се пренесува на перницата, во постелата, а од перницата во устата.
И последно, од најважните четири: ќе ми посочи ли некој каде можам да го прочитам правилото дека мажите не треба да се тушираат секојдневно? Е, тоа, навистина не можам да си го објаснам.
Мислам дека беше доста за овој пост. Нека остане уште некој час пауза помеѓу напишаново и мојот ручек. Та, и јас сум човек!

1 Comments:

  • Здраво моето име е nakisha Сакам сите да ми се придружите за да му се заблагодарам на овој човек за враќање на мојот дом со мојот екс-сопруг кој ми ја отфрли за друга жена 5 години. Отпрвин никогаш не верував дека ДР ОГУДУГУ ќе може да ми помогне да ја вратам мојата ЕХ-ХУСБАНД од оваа друга жена, но бидејќи сè уште го сакам и му треба во мојот живот .. работам и следам настава на DR OGUDUGU и ме изненади што по 3 Денови на фрлање на магија и работа со ДР ОГУДУГУ, мојот ЕХ-ХУСБАНД ме повика да простам и да заборавам на сè што ми направи за мене дека сè уште ме сака ... сега јас и мојот сопруг се полни заедно и ние сме многу среќен со нашиот нов живот ... сите благодарение на ДР ОГУДУГУ за одличната работа што ја има направено за мене .. ветувам дека секогаш ќе ја споделам неговата добра работа со целиот широк свет и ако некое тело е надвор, поминува низ какви било тешкотии во врска љубезно контактирајте го преку е-пошта: drogudugusolutionspell@gmail.com
    Тој, исто така, специјализираат за следните проблеми
    (1) Ако сакате вашиот екс назад.
    (2) ако секогаш имате лоши соништа.
    (3) Сакате да бидете промовирани во вашата канцеларија.
    (4) Сакате жени / мажи да трчаат по вас.
    (5) Ако сакате дете
    (6) Сакате да бидете богати.
    (7) Сакате да го врзувате вашиот сопруг / жена да биде
    твое засекогаш.
    (8) Ако ви треба финансиска помош.
    (9) Хербална заштита.
     контактирајте го DR OGUDUGU преку неговата е-пошта за вкупно решение drogudugusolutionspell@gmail.com

    By Blogger nakisha, at 11:06 претпл.  

Објави коментар

<< Home