Емил

четврток, јуни 17, 2010

ОДАЗДИ

Штом ти се приближам
одзади,
знам дека возбудата
како ѓавол ќе ме земе.
Уште само половина
чекор
и ќе сум припиен
до тебе.
Сега можам да те
почувствувам
од сите страни:
однапред со прстите,
а одзади со моето тело.
И кога глвата ќе
почне да ми паѓа
врз твоите рамена,
и кога моите воздишки
ќе почнат да се одбиваат
од твојот врат,
и кога мојот влажен јазик
ќе се лизне
во твојата ушна школка,
знам дека ќе ни биде потребен
лубрикант.

Посветено на моите другарки Тина и Јасна

Етикети:

четврток, декември 10, 2009

(НЕ)ЧИСТИ МИСЛИ ПРЕД ЗАСПИВАЊЕ

Сите ги фаќа некаков шизофреничен напад да пишуваат за ЕУ, за политиката, за глобализацијата, за постмодерната, за сексуалноста.... Некако заборавивме на малите и едноставни работи во нашиот живот. Сношти, додека се обидував да заспијам, размислував за далечинскиот управувач, со чија помош постојано шетам по каналите. Се замислив колку би ми било сега тешко да станам, да отидам до телевизорот и да сменам канал. Ама, ете, има решение – далечинско. Потоа ми се заврте во глава мобилниот телефон. Пред дваесетина години приазната одеше вака: Следниот вторник во 15 часот ќе се најдеме пред Тифани и ќе одиме низ продавници. Денес кога се договарам, морам да се слушнам со другата личност најмалку еден час пред терминот, за да потврдам дека ќе дојдам. Значи, мобилниот телефон ми го олеснува животот. Е, така можам да раскажувам за мал милион играчки, без кои денес е невозможно да се живее. Но, ми светна една мисла: секој ден кога ги обувам чевлите, морам да ги заврзам. Врвки! Зошто човекот не измислил некоја поедноставна финта за да може да се стегнат чевлите? Хм, можеби никому не му паднало на ум? Мислам дека тоа не е причината. Врвките се најнадежното нешто со кое може да се прицврстат чевлите. Не е потребно многу време, ниту труд, освен ако не си прејаден, па не можеш да се наведнеш за да ги заврзеш. А, копчето? А, приборот за јадење?

недела, ноември 08, 2009

LOST

Денес,
некаде околу 14.30,
додека си правев ручек,
ми текна нешто.
И така размислував
и мислев
и ја развивав идејата,
имав концепт.
Се најадов и седнав.
Ама, идејата ми избега,
концептот исчезна,
а јас седам како мрднат
и си мислам:
Што ли сакав да напишам?

сабота, август 01, 2009

ПРЕЖИВУВАМЕ

Не ни се потребни
нервози и грижи,
и онака ги имаме
доволно,
дури и премногу.
Кој спомна ЕКС?
Не треба да сме другари.
Сега секој си има
свој живот,
сега секој си има
нова љубов!
И вербата
и довербата
се тука,
но стравуваме
дека набргу
ќе исчезнат.
И убаво е вака,
додека сме заедно,
додека сме среќни,
додека не ни треба
никој друг.
Кога заминуваш
се прашувам
каде ли ќе одиш сега.
Кого ќе сретнеш?
Кој ќе ти се јави?
Зошто си он-лајн?
Сомнежот рие во нас,
а ние преживуваме!

Етикети:

сабота, јули 04, 2009

ЧОВЕКОТ НАРЕЧЕН ЕМИЛ

Јас не малтретирам животни.
Јас не плашам птици.
Јас не бркам мачки.
Јас не убивам кучиња.
Јас не кинам цвеќе.
Јас не газам по трева.
Јас не плукам на улица.
Јас не мочам во море.
Јас не секнам нос со рака.
Јас не дркам често.
Јас не се бришам од облеката.
Јас не шетам валкан.
Јас не се гадам од твојот јазик.

Јас дремам пред компјутер.
Јас често пцујам.
Јас сум голем мрчатор.
Јас сакам музика.
Јас ги гушкам пријателите.
Јас сум професионален пушач.
Јас сакам да читам речници.
Јас знам да кажам „не„.
Јас имам вишок килограми.
Јас сум слаб со нервите.
Јас сакам да се шегувам.
Јас сакам да се жалам.
Јас сакам да се галам.

Мене ми е страв кога
ќе ме погледнеш кришум,
зашто не знам дали сакаш
да ми кажеш оти
ме сакаш
или
дека сакаш да си одиме дома.

Етикети:

среда, јуни 24, 2009

ЧЕКАМЕ ДА ПОМИНЕ ВРЕМЕТО

Ни измрзна нозете!
Научени сме налето
да одиме боси -
чорапите од септември
ќе ги носиме.
Подоблекуваме кошулчиња,
тенки винтјакни,
бермудите ги заменивме
со стари пролетни панталони.
Многу често ни се моча
и носот почнува да ни тече.
Стануваме наутро,
а сакаме да се вратиме в кревет.
Веќе махинално чадорот
го пикаме в чанта.
Кафето не ни помага
и нон-стоп имаме вртоглавици.
Невечер прозорецот го забораваме
ширум отворен,
па се будиме за да го притвориме
и да земеме нешто подебело
за покривање.
И така чекаме да
помине врмето - невремето!

Етикети:

понеделник, мај 04, 2009

ПЕСНА ЗА ЕВРОВИЗИЈА

Јагоди јадам -
душа си сладам.

Музика слушам
и во чад се гушам.

На работа одам
борба за да водам.

Навечер спијам
и очи тријам.

Наутро се будам,
па почнувам да кудам.

Реф:
Да, да, тоа сум јас -
викам на цел глас!

Јагоди јадам -
нема кому да дадам.

Музика слушам
и сам цигара пушам.

На работа одам
и оро водам.

Навечер спијам,
наместо да пијам.

Наутро се будам
за да не полудам.

Реф:
Да, да, тоа сум јас -
викам на цел глас!

Етикети:

сабота, мај 02, 2009

ИМБЕЦИЛ

Да ти'бам идиотот,
да ти'бам!

Ш'о кур ти требаше
да се мешаш
во туѓа манџа.

Ја пресоли,
бре брате!

Туку, немаше
ич да ти чуе,
ако не те фатеа!

Етикети:

вторник, април 14, 2009

THIS IS NOT A LOVE SONG

Мислиш дека
ќе ме задржиш
ако ми го покажеш
своето меѓуножје?

Треба ли со главата
да се приближам
до него и да викнам:
ОСТАВИ МЕ НА РААТ!?

Не, сериозно,
ако ме сакаш,
тогаш остави ме
да бидам сам со себе!

Етикети:

понеделник, март 23, 2009

LA VIE EN ROSE

Се враќаме дома
папсани сосем -
нè измачи
живејачката.

По автоматизам
миеме раце,
се преоблекуваме,
се бакнуваме.

Седнуваме на маса -
да се јаде треба,
а со секој залак
подголтнуваме пцовки.

Трпезата ја оставаме
во неред и
се испружуваме на софата
пред телевизорот.

Го земаш телефонот и
повторно го враќаш на место.
-Пак не си ја платил сметката! -
налутено ми велиш.

Подголтнуваш пцовка.
Папсани сме сосем -
нè измачи
заедничкиот живот!

Етикети:

петок, март 13, 2009

ТРАЛАЛАШКА

еден
ми
рече
да
ти
кажам
оти
си
му
велел
на
другион
дека
јас
сум
рекол
оти
тој
кажал
дека
не
си
сакал
да
му
зборуваш

Етикети:

недела, февруари 08, 2009

EDGEPLAY

Ме фаќа за коса одзади
и почнува да ме влече.
Телото, веќе омалено,
одвај со врвот од стапалата се крепи.

Ме остава на земја -
паркетот е убаво излакиран,
а едно петно на него
небаре око што ми намигнува.

Устата ми е сува и изгризана
како меѓа од црвеница,
од окото солза се слева
за да ја напои.

Гледам угоре во сивите очи
што ме впиваат со убиствена сласт,
улава насмевка го покрива
моето тело.

Ги затворам очите,
подготвен сум да се согласам.
Не можам повеќе да издржам,
нека заврши ова - одмор ми треба.

Се наведнува над мене
и ме гледа право в очи.
Пеколен план е
напишан во нив.

Со ковчестите раце
ме фаќа за вратот и
со прстите полека
поминува долж него.

Испуканите јагодици
ме гребат како трпки.
Подголтнувам и длабоко
земам воздух.

Главата ми отскокнува
од силниот притисок.
Адамовото јаболко
ми оди нагоре-надолу.

Притиска посилно и посилно,
а вдишката одвај
успева да помине низ
дишните патишта.

Јазикот почнува да
ми се тетарави,
очите ми плачат сами,
носот ја продолжува борбата.

Испуштам сув и сив извик,
ја чувствувам потта по лицето,
таванот ми се приближува,
паркетот се поткрева сосе мене.

Како во огледало да се гледам
со зацрвенето лице.
Ми треба воздух.
Сакам воздух.

Подстенкувам и почнувам
да ја вртам главата.
Ќе ме убие! - велам.
Ми треба воздух.

Не можам да се сетам...
Морам да се сетам...

Safeword: Карпа!

КАРПААААААААААААААААААААА!

Етикети:

среда, февруари 04, 2009

ТУКУ-ТАКА

Туку-така седна.
Туку-така легна.
Туку-така стана.
Туку-така замина.

Со тебе сè е туку-така,
а мене од тоа ми е мака.

Етикети:

недела, јануари 18, 2009

Плохая девочка - Винтаж и Елена Корикова




Ты опять увлечен чередою событий
Этот глобус в руках твоих жаждет открытий
Повторится вновь история
No regret, no gloria

Неистовый зверь, мой повелитель
Моя колыбель - твоя обитель
И ты уже решил, что будет делать всё наверняка
Плохая девочка

Неистовый зверь, мой повелитель
Моя колыбель - твоя обитель
И вот уже готова быть с тобой на час и навека
Плохая девочка

Ты на теле моем зажигаешь вулканы
Я взрываться вот так никогда не устану
Повторится вновь история
No regret, no gloria

Неистовый зверь, мой повелитель
Моя колыбель - твоя обитель
И ты уже решил, что будет делать всё наверняка
Плохая девочка

Неистовый зверь, мой повелитель
Моя колыбель - твоя обитель
И вот уже готова быть с тобой на час и навека
Плохая девочка

четврток, јануари 08, 2009

VERTIGO

Од пред некоја година
почна да ми се вртиш низ глава!

Најпрво на секвенци,
речиси молскавично,
колку да ме потсетиш
дека постоиш.

Едно време се изгуби,
небаре те снема,
ем ми олесна,
ем ме остави во дилема.

И сега повторно те има,
наесен и на назима,
понекогаш со намера добра,
понекогаш зол како кобра.

Олесни ми и реши се -
со мене огреши се,
обземи ме
и земи ме!

Сериозен сум!
Мир и трпение со тебе!

Етикети:

среда, јануари 07, 2009

ГРУПЕН СЕКС

Кој?
Кому?
Како?

Секој!
Секому!
Секако!

Секако, бејби! :-)

Етикети:

петок, јануари 02, 2009

ШТО ЛИ СОНУВААТ ЉУБОВНИЦИТЕ?

Еднаш,
кога главата тешка
се занимаваше
со генијални идеи,
блокадата ми постави прашање:
- Знаеш ли што сонуваат љубовниците?

- Не знам, - со арогантна збунетост одговорив!

Тогаш на мојата мудра глава
ѝ текна дека има кого да праша.

Откако добив одговор, сфатив:
љубовниците се среќни
зашто не сонуваат ништо.

А, што ли им се случува на јаве?

Етикети:

понеделник, декември 15, 2008

ПИСМО



Почитуван Дедо Мраз,

Оваа година бев многу умен. Многу работев, многу учев, многу читав и многу се мачев. Ги сакав сите - и оние што ме сакаат и оние што не ме сакаат. Им помагав на родителите, ги сакав и ги почитував. Немав секс, ама затоа моите пријатели имаат, за што сум искрено благодарен (иако и за мене нешо да паднеше, немаше да биде лошо). Не снајде и глобалната криза, таканаречена рецесија, ама јас со крената глава и се спротиставувам и продолжувам гордо напред. Годинава напишав три статии и повеќе од половина од докторската. Затоа, би те замолил да го погледнеш мојот список со новогодишни желби и да го земеш предвид, кога ќе ги распределуваш подароците.

1. Мобилен телефон (овој ми е на цркнување, иако многу си го сакам)
2. MP4 плеер (мојот ми го украдоа кога се враќав дома)
3. Домашно кино (ми цркна системот)
4. Фармерки со прерамки (немам што да облечам)
5. Парфем La Male (моите два парфеми ми ги украдоа кога се враќав дома)

Се надевам дека ќе ми излезеш во пресрет и оти ќе ме усреќиш!

Засекогаш твој,
Емил

П.С.
Дедо Мраз, остави ми коментар за твоите намери!

петок, декември 12, 2008

Манхеттен - Банд`эрос



Он и она, уже полгода тишина
Его голос по радио, но у него своя волна
Она все ждет такси
Огни Москвы, Манхеттен прости...

Кофе на столе, за окном лазурь,
А с глянцевых страниц так манит гламур,
Ночью он прийдет и скажет ей лямур,
И в их квартирке на Лесной уютно и тепло,
И все вроде бы ровно, но...
Она хотела бы жить на Манхеттене
И с Деми Мур делиться секретами,
А он просто диджей на радио,
И он в общем не бедный парень кстати, но
Она хотела бы жить на Манхеттене
И с Деми Мур делиться секретами,
А он просто диджей на радио,
Наверно лучше б ему не знать ее совсем...

Вот за годом год, за зимой зима,
Она все так же ждет: ну когда когда,
Подруги говорят - все смогла б сама,
И может правда уже давно все было б как в кино,
Уже наверное без него
Она хотела бы жить на Манхеттене
И с Деми Мур делиться секретами,
А он просто диджей на радио,
И он в общем не бедный парень кстати, но
Она хотела бы жить на Манхеттене
И с Деми Мур делиться секретами,
А он просто диджей на радио,
Наверно лучше б ему не знать ее совсем...

Большой город, огни
Проходят дни,
И до сих пор она не смогла уйти,
Все еще здесь,все еще с ним, все еще ждет
На фото Манхеттен, за окном Москва
Время идет, пишет стихи среди звезд и луны,
Пишет о нем, о том что не смогла уйти,
Но у нее есть пару причин видеть цветные сны,
Она осталась, Манхеттен, прости

И все вроде бы ровно, но
Она хотела бы жить на Манхеттене
И с Деми Мур делиться секретами,
А он просто диджей на радио,
И он в общем не бедный парень кстати, но
Она хотела бы жить на Манхеттене
И с Деми Мур делиться секретами,
А он просто диджей на радио,
И он считает шизой на ранней стадии, что
Она хотела бы жить на Манхеттене
И с Деми Мур делиться секретами,
А он просто диджей на радио,
Наверно лучше б ему не знать ее совсем

сабота, ноември 29, 2008

ПАЃАЊЕТО НА ШУХОВСКАТА КУЛА

Веќе два дена домашниот телефон не ѕвони. Всушност тој е способен да ѕвони, ама никој не сака да го провери тоа. Небаре не сум дома! Мрзеливо станувам, со мисла да се напијам некаква течност што ми останала во фрижидерот. Со десната нога се спрепнувам од продолжниот кабел во кој се вклучени лаптопот, калориферот и полначот за мобилен.
- Кој те стави тука, да го ебам у уста!
Во следниот чекор фрлам поглед на креветот. Ти’бам мизеријата – кај што спијам, таму гости чекам. На црната прекривка го здогледува „Книжевен контекст„ од 2007. Лорета има добар есеј – интересен и на место. Во ходникот забележувам како сум расфрлил книги, кои сум ги вадел од чантата пред да заминам на работа. Огледало. Ух, треба да се избричам, косата ми е мрсна, а не ќе биде лошо и со нешто да го освежам лицето. Чекорејќи низ дупките од патосот во кујната го отворам фризжидерот, земам Кока-кола и налевам во зеланата чаша од плексиглас. Затворајќи го фрижидерот погледот ми запира на Шуховската кула. Веќе ги запалиле светилките. Тоа ми се единствените ѕвезди на безѕвездното московско небо. Кулата стои горделиво и небаре ми се спротиставува. Ме гледа таа, ја гледам и јас. И таа ме гледа. И јас ја гледам. Боже, кој ли попрв ќе се урне – јас или таа?

Етикети:

четврток, ноември 27, 2008

ПРЕКУ КУР

Преку кур ми е
од твоите лелекања
како нешто ти фали
и дека никој не те сака!

Преку кур ми е
од жалбите дека
си дебел и оти
косата ти опаѓа!

Преку кур ми е
од твоите оговарања,
од местенките што
ти ги прават!

Преку кур ми е
од твоите парфеми,
гаќи, чевли,
цедеа, филмови...

Преку кур ми е
од твоите здодевни
монолози за иднината
и за јазикот.

Емил, преку кур ми е од тебе,
иди еби се, бе човече!

Етикети:

сабота, ноември 08, 2008

Глюк'oZa - Танцуй, Россия!!!

петок, јули 18, 2008

ЈА НАЈДОВ!

Конечно, го најдов подарокот од пред многу години - сликата што за мене ја направи една многу драга личноста!

четврток, мај 08, 2008

Я

Сакав да покажам
дека постојам,
но тие тој факт
го одрекоа!

Рекоа...

Етикети:

среда, април 30, 2008

ONE YEAR OLDER, BUT NONE THE WISER!


понеделник, април 28, 2008

СУКА БЛЯДЬ!


Ти`бам! Таман мислев дека ќе одам на концерт, ќе си испорипам, ќе се изнапејам и ќе гледам шоу... кога утринава добивам ес-ем-ес: концертот на групата The Pussycat Dolls е откажан! Никол била болна. И Кајли ќе ја пропуштам. Се враќам дома на 10 јуни, а таа доаѓа на 20. Башка и Софија ќе ја утнам, оти ќе сум тука! Е, навистина немам среќа! Немам среќа ниту во љубов, ниту во концерти! ;-)

сабота, април 12, 2008

ВЧЕРА – КОНЦЕРТ

На мојот другар ХулаХопа еднаш му ветив дека ќе пишувам за Москва. Речиси никогаш не седнав да напишам нешто. Речиси никаде не одев, зашто најзначајните нешта сум ги видел неколкупати, а мразовите не ми даваа волја да се придвижам.
И ете, вчера, по некаква случајност, отидов на концерт во Московскиот Државен Конзерваториум. Карти, секако, е тешко да се најдат, но мојот единствен пријател тука успеја да набави, па дури и ги добивме најдобрите седишта.
Не знаев што ќе има на програмата, а излезе дека е нешто, кое навистина ми беше потребно: Моцарт – 40 симфонија сол минор и Брамс – Германски реквием.
Големата сала на Конзерваториумот е стара, однадвор добро зачувана, однатре со паркет и килими, а за да се дојде до неа треба да се оди по развиенот лавиринт. Многу „забегани„ лица, баби и дедовци специјално облечени за оваа пригода, позери, млади луѓе кои дошле навистина да слушаат, онака во фармерки и маичка.Тука сé уште постои традиција пред почетокот трипати, во интервал од две минути, да заѕвони ѕвончето. И ете, по третиот пат се затворија вратите од салата.
На сцена излезе симфонискиот оркестар. Сите беа облечени и средени. Потоа се појави анонсиерот (или конферансие, ако повеќе милувате), облечен небаре излегол од „Евгениј Онегин„, та ни раскажа што ќе слушаме во првиот дел и кои се учесниците.
Излезе диригентот – Павел Коган. Велат големо име во Русија, Евреин според презимето. И почна Моцарт. Во првите две минути одвај се воздржав да не прснам од смеја, оти маестро Коган изгледаше мошне смешно, диригираше со толкав занес, така што неколкупати му се случи со диригентската палка да удри по дрвениот нотен држач кој стоеше пред него. Потоа се апстрахирав. Гледав некаде во длабочината на сцената и слушав. Неоти беше нешто спкетакуларно (сепак оркестарот беше добар), ами ме привлече акустиката, оној простор каде се развиваат и заминуваат звуците. Токму тоа му е потребно на моето тело, звуци кои не го сечат, не го бодат, туку кои се впиваат во него. 40 симфонија заврши. Пауза.
Вториот дел започна исто како и првиот – со анонсиерот. Изелезе Државната Академска Хорска Капела на Русија „А. А. Јурлова„. Излегоа и двајцата солисти: Ана Пегова (сопран) и Андреј Батуркин (баритон). Хорот беше одличен, нивните гласови беа како еден глас, кој во веќе споменатата акустика дваше емоција и топлина. Солистите – професионални, повеќе техичари, одошто надарени, што не значи дека не беа талентирани.
И заврши концертот. Излеговме, како од козметички салон и тргнавме во потрага по место во некој ресторан. Ете, ХулаХопа, таква беше мојата петочна вечер. З.Л., пријателе, ти благодарам за поканата.

среда, април 09, 2008

How do I feel? (How good not to love - Baby Doll)

недела, март 23, 2008

PINKING

Pinking of you,
Pinking of me,
So far days are
Pink, my dear!

Pinking of you,
Pinking of us,
I don't look
Back to my past!

Pinking of us,
Pinking of me,
How pink our
life can be? :-)

Етикети:

недела, февруари 10, 2008

Alexis

И се поамериканчи
и стана старлета!

Наутро во свилена роба
шеташе низ станот.

Навечер - со бисери и пердуви
соблазнуваше мажи.

Кутрата, колку се изнемоштуваше
задоволувајќи ги другите.

А, в недела, гола и со престилка
ги криеше трагите на блудноста своја.

Етикети:

четврток, февруари 07, 2008

ПРО-ВОКАТОР

Секогаш свршуваш
без мене,
треба и тоа предвид
да се земе.

Етикети:

среда, февруари 06, 2008

Уште една штафета

Значи ја зедов книгата што ми е најблизу, односно на десктопот од мојот компјутер. Отворив на 123 страница, ги прочитав првите пет реченици и сега ги запишувам следните три:

Ја ја знаев нејзината похотлива и растеглива кожичка меѓу ноџенцата. Се ебеше строго со млади курои. Оги ја батали пошо сакаше да се посвети на пишуањето.

„Оги Синко„ by ХулаХопа

Не ја давам никому!

петок, јануари 18, 2008

MGW 2

Денес повторно те начекав
во долниот десен агол.
Се мислев, се думав,
и решив да ти проговорам.

Па, барем малку да ми се порадуваше,
еден суптилен збор да ми кажеше,
не за друго, туку да ме поткрепиш,
душава замрзната да ми ја стоплиш.

Знам дека не сакаш да ми даваш
лажна надеж, ама не мораше
да ме откачиш толку сурово:
work work work!

Тоа ли е се што остана од нас?

Со љубов,
твојот манијак

Етикети:

петок, декември 21, 2007

АНАСТАЗИЈА

Кога сакав да ја запознаам
Умилено ме погледна
Разнежнето се насмевна
Во тивката квечерина крај
Автобуската станица
Никогаш не ќе дознаев
Едноок ќе останев
Ербап ќе се сторев
Болен ќе легнев
Едно не ќе знаев
На кого му намигнува крај
Автобуската станица

Етикети:

четврток, декември 13, 2007

ВИДЕОПРИКАЗНА ЗА ЕМИЛ И STRIKING.BEAUTY

среда, декември 05, 2007

ЈАС И FEMGERILA

понеделник, ноември 19, 2007

داوود или דָּוִד

Сите велеа дека
е избран,
а јас велев дека
е драг, дека е сакан.

А, тој не знаеше,
не можеше да реши:
сака ли да се вратам
или се уште му е страв.

Ме натера да плачам,
онака како дете,
а тој се гордееше со тоа,
знаејќи дека е Цар!

Твое е решението, -
ми вели, -
но, јас би ја сакал
скратената програма.

А, се ли ќе биде
по кратка постапка?

Етикети:

сабота, октомври 13, 2007

МЕТРО

И одиш надолу,
без да можеш
да го видиш дното...

Во стомакот
ти се превртува
утринското кафе...

И таму лица,
со или без дамки,
зборуваат или молчат...

Се слуша бучава,
невдишлив воздух
и чуден ветар...

Мириса
на железо,
на автоматизам...

И во вагонот
сам со себе
и со нив...

Чувствуваат ли
поспаните лица
дека живеат?

Етикети:

сабота, јули 28, 2007

ЦРВЕНКАПА

Си било еднаш едно девојче, убаво и мило како што само можете да замислите. Ја викале Црвенкапа зашто постојано носела црвена капа што и ја исплела баба и.
Црвенкапа живеела со своите родители во една куќа покрај големата шума, а на другиот крај, во една куќа живеела нејзината баба. Бабата на Црвенкапа била мошне позната дама. Таа го водела околниот бордел. Кога мајката на Црвенкапа имала 16 години случајно забременила од чуварот на борделот, па тие морале да се земат и да се преселат, за да може детето да има мирно и спокојно детство.
Еден ден мајката ја испратила Црвенкапа да и однесе ручек на баба си, која била болна. Останатите работнички во борделот немале многу време да и посветат на бабата, оти имале многу муштерии. Кога мајката ја испраќала ја предупредила да побрза и да не се оддалечува од патот. Црвенкапа не се плашела и по пат застанала да набере малку цвеќе за баба си. Не ни забележала дека од зад дрвото ја надгледуваат две големи очи. Тоа бил страшниот манијак, кој постојано дркал во грмушите. Тој и пришол на Црвенкапа и ја запрашал:
- Што правиш, девојче?
- Берам цвеќе за мојата болна баба - одговорила Црвенкапа.
- Како ќе влезеш кај неа ако е болна? - ја прашал итриот манијак.
- Па, ќе тропнам трипати на вратата и таа ќе знае дека сум јас, па ќе испрати некоја од работничките, која во моментот нема работа, да ми отвори! - му одговорила Црвенкапа.
Манијакот ја поздравил и по најкраткиот пат отрчал до куќата на бабата. Кога стасал манијакот тропнал трипати и кога бабата прашала кој е, тој со изменет глас и одговорил:
- Јас сум, Црвенкапа!
Бабата испратила една работничка да ја отвори вратата.
Манијакот влегол во собата на бабата и веднаш скокнал и почнал да ја ебе. Откако ја изебал, ја облекол нејзината ноќница, ја ставил капата и очилата, па легнал во креветот.
Така преправен ја чекал Црвенкапа, мислејќи дека таа сигурно нема да го препознае.
Кога Црвенкапа стасала до куќата на баба си и тропнала трипати на вратата, манијакот, имитирајќи го бабиниот глас ја повикал да влезе. Црвенкапа била изненадена од изгледот на баба си, па ја запрашала:
- Бабо, бабо, зошто имаш толку долги раце?
- За поубаво да те гушнам, дете мое!
- Зошто ти се толку големи очите?
- За подобро да те видам.
- Бабо, бабо, а зошто имаш толку голем јазик?
- За полесно да те излижам - за'ржал манијакот и почнал да ја ебе Црвенкапа. Откако свршил, ја заклал и ја проголтал.
Животните од шумата кои и биле пријатели на Црвенкапа му кажале на локалниот макро што се случило. Тој, пак, зел една секира и веднаш тргнал кон куќата на бабата и кога влегол го затекнал манијакот како спие. Замавнал со секирата, а од стомакот излегле бабата и Црвенкапа, живи и здрави.Така завршил манијакот, а бабата, Црвенкапа и макрото слатко си го изеле ручкот што го подготвила мајката на Црвенкапа.

Етикети:

среда, јули 11, 2007

C U NEXT THURSDAY

Не знам од кога,
ама тука,
кај нас,
на Балканов,
ТАА
стана центарот на светот.

Многумина мислеа
дека ќе се спасат себеси
ако се вртат околу неа,
ако успеат да ја намамат,
да ја помирисаат,
да продрат длабоко во неа.

И така со години,
со децении,
па дури и со векови.

Но, никој од нив
не претпостауваше
дека таа може
да ги заебе,
се дури не почнаа
нивните гордости
да загнојуваат,
се дури од нив не почнаа
да течат сомнителни белузлави материи,
проследени со болки и печење.

И така заебани
не сакаа да признаат
дека ги заебала,
па почнаа да ги
шират нејзините дарови
насекаде.

Ете, така започна
балканското проклетство
на мажјаците.

Етикети:

понеделник, јули 02, 2007

CHARMLESS MAN

Се роди еднаш
во некоја од
градските болници...

Го нарекоа онака
како што сакаа тие,
а не како што
сакаше тој...

Не му дадоа можност
да избира...

Никој не го праша
дали сака да биде или не...

Го чуваа, внимаваа на него,
не му дозволуваа
да живее...

Порасна...

Стана размазено детиште!

Ако не беше по негово,
тогаш знаеше
како да ја расипе работата...

Стана младич...

Размазено момче!

Мислеше само на својот изглед
и на своите амбиции...

Ги задушуваше
сопствените емоции...

Сите го сакаа,
а тој беше верен...

Стана човек...

Повеќе не е привлечен!

Изгледа како мивка,
дебел е и здодевен...

Постојано нешто раскажува,
постојано на нешто се жали...

Никој не сака неугледен
и паметен маж...

Тој дефинитивно го
изгуби својот шарм!

Етикети:

четврток, јуни 28, 2007

MGW

Сношти повторно
го сонував нашиот
бакнеж!

Усните се приближуваа,
сосема невино,
полека.

Знам дека и двајцата
сакавме
да се случи.

Но, знам дека ми беше
страв
да се случи.

Прекрасен,
младешки -
бакнеж.

Следното утро
остана
вкусот на твоите усни.

Се уште го чувам.

Тој сладок допир...

Можеби никогаш
повеќе нема
да се врати.

Но, јас се надевам.

Со љубов,
твојот манијак

Етикети:

петок, јуни 15, 2007

БРОЕНКА

Еден
Два
Три
Каде ли се скри?
Четири
Пет
Шест
Сакам малку секс!
Седум
Осум
Двет
Со тебе во кревет!
Деееееесет
Отворам очи!
Ај, не се зезај!
Каде си?
Па, со кого ќе си легнам јас?

Етикети:

понеделник, мај 28, 2007

ШИЗОФРЕНИЧНА ЕЛЕГИЈА ЗА ЛЕО(Н) Х

“Добро ни послужи митот за Исус” - рече,
а потоа се заврте и со исклучителна
грација го напушти пандемониумот.

Не се плашеше да
го покаже својот тил
и го правеше тоа
секогаш кога имаше можност.

Во преднина секогаш
ја ставаше својата задница
и ги демонстрираше
своите перформанси.

Коректорите за расположение
му беа речиси непознати,
иако на многумина им се чинеше
дека редовно ги консумира.

Го сакаа и го мразеа,
го нарекуваа кучка,
а тој се гордееше со тоа,
иако знаеше дека е коала.

Воден од некоја чудна сила,
секогаш бараше нешто повеќе,
нешто поголемо,
нешто покрупно.

Ретко губеше
и никогаш не се откажуваше,
како што лавица не се откажува
од својот плен.

“Ќе паднеш во моите раце,
ќе паднеш пред мене на колена”,
а мислеше: “Ќе ти паднам в раце,
ќе паднам пред тебе на колена”.

Од неговата уста, пак,
постојано излегуваше
адаптираното мото
на неговиот инкарнат:

Штом Бог ни дал власт,
треба да уживаме во неа!

Етикети:

понеделник, мај 14, 2007

НЕ, НЕ И НЕ

- Сакаш да дојдеш со мене?
- Да!

- Сакаш сладолед?
- Да!

- Сакаш да одиме на кино?
- Да!

- Сакаш да те масирам?
- Да!

- Сакаш да се ебеме?
- Не, не и не!

(У-у-у-у-у, да тибам, многу тешко оди ова убедувањево)

Етикети:

среда, април 25, 2007

КОЈ Е ВИНОВНИКОТ?

Најпрво ми рече
„Имам дечко!„

Сфатив дека
не треба да се мешам.

Потоа ми рече:
„А, сакаш ли да се видиме?„

Сфатив дека
нешто не поврзува.

Запрашав:
„И што ќе правиме кога ќе се видиме?„

Сфати дека
и јас сум заинтересиран.

Спомена неколку пози
и неколку фетиши.

„Па, нели имаш дечко?„

„Имам, ама имам и свои правила.
Правила според мене!„

Може ли да ја добијам
листата на правила,
за да знам
до каде можам да одам?

Етикети:

недела, април 15, 2007

БЛАЖЕ КОНЕСКИ – РИЗНИЧАР НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ЛИРИКА

Во плодниот научен и литературен опус на академик Блаже Конески, посебно место зазема и неговата антологија на македонската народна лирика, насловена како “Блажена гора зелена”. Оваа антологија за првпат е издадена во 1945, практично по ослободувањето, но под наслов “Збирка на македонски народни песни”. По две години, поради голем интерес, кој во тоа време е несомнен заради малиот број издадени и печатени книги, се појави и второто издание. Во малку скратен вид таа била преведена и издадена на хрватски/српски (тогашен српско-хрватски) јазик, во превод на Јуре Каштелан*. Дел од овој превод послужил и како избор за антологијата на македонската лирска песна издадена во Оксфорд 1978 година, во превод на Ендрју Харви и Ен Пенингтон**.

Идејата што Конески ја имал е да состави збирка поезија, ослободена од етнографските и фолклористичките референци, за да може читателот најспонтано да пристапи кон текстот. Затоа тој извршил селекција и поделба на неколку циклуси, кои се составени од лирски народни песни сврзани според нивното исполнување на определени празници, при обреди или при сезонски работи. Исто така, во антологијата е извршена и извесна нормализација на јазикот на песните, зашто, како што смета Конески, во времето на нејзиното објавување се чувствувала голема потреба од текстови на изедначен македонски јазик***.

Во последното издание на оваа антологија од 1986 година, направена е поделба во тринаесет циклуси и тоа:
1. Што ми грачиш гавране море
2. Арамија куќа нема
3. Дојде време, дојде коа да расцути трендафилот
4. Лудост младост
5. Бисеро, моме Бисеро
6. Е проклет да е кој љуби
7. Игралито срце јунаково
8. Откако ми се овчар ожени
9. Што е ова чудо големо
10. Туѓина пуста јабана
11. Турчин низ гора врвеше
12. Блажена гора зелена
13. Македонско име нема да загине

Секој од циклусите е насловен според насловот на некоја од песните што се наоѓа во него. Притоа Конески мошне студиозно му приоѓа на материјалот, па распоредот и на циклусите и на песните што влегуваат во нив воопшто не е случаен. Со својот метод тој сакал “…антологијата да се чита докрај како книга песни од еден велик поет. Таа затоа и не е замислена да биде општ преглед на нашата народна поезија, по циклусите. Целта беше друга: да се ппретстави нашата народна поезија преку најубавото и вистински уметнички издржаното во неа, за да се изјави чисто нејзината голема вредност. И дека се најубави, овдека се одбраа само нашите лирски и лирско-епски песни”.****

Во својот предговор Конески исто така забележува дека оваа антологија и народната поезијаа воопшто, не претставуваат само извор за научна историска и споредбена анализа, туку и на литературно, уметничко односно естетско дело. Токму ваквата определба е мошне важна и интересна, зашто долг период истржаувачите, литератите и литературните критичари сметале дека народната песна не влегува во доменот на literatura bella. Новите литературни текови, пак, сметаат дека народот во голема мера влијаел на тековите, темите, како и на структурата на светската поезија. Затоа многумина го сметаат “народот” како најголем поет.

Првиот циклус од оваа антологија, насловен како “Што ми грачиш гавране море”, содржи лирски песни посветени на ропството, на луѓето кои неправедно биле заробени, на јунаците кои биле лишени од слобода, борејќи се за основните човекови права.

Мојте дворје сами бележити:
во дворои една бела чешма,
до чешмата едно суво дрво,
на дрвото до три кукаици.
Та што кука од утро на вечер,
таа ми е моја мила сестра;
та што кука од пладне на пладне,
таа ми е мојта невеста;
та што кука едно едностојно,
таа ми е моја стара мајка.

Во истиот контекст се доведуваат и лирските и епски песни посветени на смртта и умирачката, која кај народот предизвикувале особен интерес. Свесни за својата конечност, тие сакале да го опишат најтажниот, најнеубавиот дел, со кој завршува нивното постоење.

Сонцето оди, заоѓа,
девојка душа береше
меѓу две гори зелени,
меѓу две води студени.
Никој крај неа немаше,
вишен е Господ над неа,
црна е земја под неа,
станоит камен под глава,
под камен змија лутица.
Змија си Бога молеше:
“Умри ја, Боже, девојка,
гнездо в коса и да правам,
од лице месо да јадам,
од очи вода да пијам!”
Како ми Бога молеше,
така и Господ поможа:
ми умре млада девојка.
В коси и гнездо направи,
од лице месо јадеше,
од очи вода пиеше.

Вториот циклус го носи насловот “Арамија куќа нема” и во него се обработува темата на арамилакот, и тоа сфатен како бунт на човекот кон тогашното општество, без разлика дали постои причина за тоа. Поставени се две фази на патот кон арамилакот. Првата се огледа во немаштијата, оскудноста, кога луѓето, за да преживаат му се предаваат на арамилакот или, пак, тој пат е поставен врз основа на револтот што го предизвикала сиромаштијата, одземјаќи му ја можноста на човекот за пристоен живот.

Зеде вреќа на рамена,
си отиде Ситница,
си наполни дробна песок,
си донесе своја куќа.
Го видоа девет деца,
затрчаа при татка си,
деца гладни, голи, боси,
да им даде пченица.
Им истури дробна песок,
как зобаа, так треснаа.
Им ископа еден гробец,
си закопа девет деца.
Пушка зеде на рамена,
си излезе арамија.

Втората фаза се однесува на арамилакот како средство за израз на бунт, за кој не постои јасна причина. Оваа фаза се однесува на младешкиот начин на мислење и на живеење, при што арамилакот е сфатен како извесе животен стил.

Ти мислиш да ме ожениш,
куќа да ми отвориш,
невеста да ми донесеш.
Јас мислам да те продадам,
на нови Пазар дојрански,
на тие жолти евреи,
за таа коња чапкуна,
за тоа седло сребрено,
за таа узда позлаќна,
млад арамија, мајко, да бидам
низ Дојранската планина.

“Дојде време, дојде коа да расцути трендафилот” е циклус посветен на природата и на животот во неа.

Сонцети оди заоди,
девојка трча и вика:
“Чекај, почекај сондевце,
јас да ти реча два реча,
два речам два изговора:
дал да посадам босилек
на сува рида без вода,
на неградена градина?”
“Сади, посади, девојко,
силен ќе ветер повее,
градина ќе ти загради,
ситна ќе роса пороси,
босилек ќе ти ороси.”


Особено место во овој циклус заземаат песните посветени на компарацијата на природата со љубовта, без разлика дали станува збор за среќна или тажна.

Ѓул***** девојка под ѓул ми заспало,
ѓул ми цути, на девојка капе.
Девојка си на ѓулум говори:
“А ѓулуме, најарно цветенце,
што ми цутиш и на мене капеш?
Ако цутиш, ан мене не капи,
јас си имам големи дердови:
млад ме сака, за старо ме дават,
старо аро како јавор дрво,
млад неженет како страк босилек”.


Четрвтиот циклус го сочинуваат песните за младоста, па затоа и го носи насловот “Лудост младост”. Во него се содржани мотиви на љубовта, на додворувањето и на младоста како минлива категорија.

Шетале, ми се шетале
до три јунаци беќари
по тие бавчи широки,
под тие сенки високи,
на таа трева зелена,
крај таа вода студена.
Пиле! Како сум си шетало
јас така сум си заспало,
голем сон сум видело:
моме на раце ми леже,
пиле! Како камен ми тежеше,
во пазува ми дишеше.
Вардев да не си го отпуштам!
Кога јас си се разбудив,
моме на раце си не најдов;
голема жалба си видов,
тргнав да се отепам!
Дружината ме фатија:
“Ај море лудо и младо,
зашто ќе си се отепаш,
за тоа моме убаво?”


Во циклусот “Бисеро, моме Бисеро” се поместени специфични љубовни песни, кои зборуваат за љубовта на момчињата кон девојките, за нивниот копнеж по некоја девојка, за начините на кои тие ги освојувале нивните срца. Забележливи се мотивите на тага, меланхолија, љубовна потиштеност, како и среќа за создадената љубов.

И бела Марија ми дошла,
кискица му е донесла,
високи гласје е дала:
“Стојане, мили Стојане!
На живот не се видовме,
на смрт ќе се видиме!”
Окото му е на поглед,
раката му е на пограб,
ногата му е на потскок.
Тогај си Стојан рипнало,
та си пограбил Марија.

Како логично надоврзување на претходниот е и циклусот со наслов “Е проклет да е кој љуби”, во кој се опишуваат љубовните маки и страдања. Доминантни се мотивите на забранетата љубов, како и на неостварената љубов. Особено е присутна темата кога родителите ја мажат девојката не за оној кој таа го сака, ами за некој друг. Оваа тема е актуелна и до денешен ден во љубовните песни, како и во целокупната литература.

Си посакав моме од малено,
од малено дури до големо,
а они ја мене не дадоа,
дадоа ја другуму јунака,
а мене ме кума окумија,
па брата ми девер деверија,
па ојдовме црква на венчање.

“Игралито срце јунаково” е циклус песни, чија главна нитка е мажачката и женачката, односно свадбата. Интересно е што низ овој циклус се провлекуваат лирски песни со повеќе мотиви, започнувајќи од среќа за остварената љубов, преку изборот на момче или на невеста, па се до шекспировиот мотив за смрт поради нереализираната љубов. Во песните од овој циклус доминантна е темата на значењето на бракот и за животот во него.

Доста си моме одила,
доста си глава врзала,
отсега каар да береш.
Свекор да чекаш од Пазар,
љубе да чекаш од нива,
девер да чекаш од гора.
Темна темница пред очи,
тешко железо на раци,
тешка тежина на глава;
темна темница љубето,
тешко железо детето,
тешка тежина куќата.


Аналогно на претходниот, се надоврзува и циклусот “Откако ми се овчар ожени”. Главната тема на овој циклус е животот во брак. Се надоврзуваат темите за жалта по беќарксиот живот, за лошата домаќинка, за жлта на мајката за омажената ќерка, како и за прељубата.

Везден Јана до девера жнала,
везден му се деверу плакала:
“Брате Петре, китко невенова,
брат ти љуби видимка девојка,
неа љуби, мене ќе загуби”.
“Дејди Јано, дејди мила снао,
што не кажа до три дни порано,
да заптисав друмишта, патишта,
да го вратев мојот мили браток!”


Во циклусот “Што е ова чудо големо” се собрани на едно место голем број хумористични песни, кој народот особено ги сакал. Во секоја песна постои различна тема, но она што ги поврзува е чудното, смешното, несекојдневното, па дури и невозможното.

Ејде сваќе, сваќе ваќе,
што ни даде чудна снајка!
Виде зелник, се зачуди:
“Што е ова витка тутка?”
Ејде сваќе, сваќе веќе,,
виде племна, се зачуди:
“Што е ова лепа црква?”
Виде разбој, се зачуди:
“Што е ова чкрипни, рипни,
а оздола два ѓавола,
еден горе, други доле?”


“Туѓина пуста јабана” е циклус посветен на македонската клетва – печалбарството. Печалбарството во Македонија се сметало како - специфичен вид стопанска гранка. Мажите заминувале на печалба наесен, а секогаш се враќале пред Илинден. Печалбарите најчесто заминувале во тајфи (дружини), а најпознати тајфи биле резбарите, зографите, ѕидарите-градители и кирајџии. Она што се провлекува како тема во печалбарските песни е жалта за домот, за семејството, тешкотијата на живеењето во туѓина, како и смртта на некој јабанџија во туѓина.

Жали, моме, да жалиме,
како ќе се разделиме, еј моме!
Како бевме посвршени,
сега ќе се разделиме,
јад од тебе, ти од мене.
Јас ќе одам во туѓина, еј душо,
на туѓина, на работа,
ќе останам три години.
Ќе ти пратам бела книга,
бела книга, жално писмо –
ем да четеш ем да плачеш.
Ќе ти пратам убав ѓердан
ем да носиш ем да плачеш, еј моме!


Циклусот “Турчин низ гора врвеше” е составен од лирски песни, кои се однесуваат на периодот турското ропство во Македонија. Во нив се опишува тешкиот живот, омалуважувањето од страна на поробувачите, ѕверскиот однос што го имале кон македонското население, како и за злото што го нанесувале.

Пладнина, мајко, пладнина!
Да знае Турчин правина,
ручекот би ни донесол,
под сенка би не однесол,
кај таа вода студена,
кај таа трева зелена.

Како надоврзување на циклусот песни посветени на турското ропство е претпоследниот дел кој е насловен како и самата антологија – “Блажена гора зелена”. Главниот мотив на песните од овој циклус е борбата на Македонскиот народ за слобода, како и придонесот на комитите за слобода на својата татковина.

Развивај, горо зелена,
развивај шума зелена,
отвори сенки широки,
ќе мине Делчев војвода
со неговата дружина!

Последниот циклус “Македонско име нема да загине” е посветен на народните лирски песни создадени за време на фашистичката окупација на Македонија. Разликата помеѓу патриотските песни од овој и од претходниот циклус е во времето на создавање – првиот е за време на Османското ропство, а второто за време на Првата и Втората Светска Војна.

Давај ме, мила мамо, давај ме,
за што ме срце, мамо, тргнало:
млада партизанка да станам,
Козјак планина да идам,
Карпуш војвода да вида.
Пушкомитралезот да носам,
клети фашисти да косам.

По краткиот преглед на циклусите од антологијата, можеме да заклучиме дека таа претставува вистинска ризница на македонската лирска песна, со која треба да се гордеат сите Македонци. Но, како што напоменува и самиот Блаже Конески во својот предговор “овој избор од народната македонска поезија има една најпрва цел: да му ја открие на македонскиот народ во целосна претстава убавината на оние песни што тој ги пеел, да разбуди кај него љубов за нив и свест за нивната вистинска вредност.”******

Во истовреме, Блаже Конески со оваа антологија, му го врати на Македонскиот народ благото што одамна му беше одземено од страна на бугарскиот поет Пенчо Славејков, кој во својата “Книга на песните” вклучи огромен дел од македонските лирски народни песни. Ова е мошне важно, зашто на тој начин се продлабочува литературната основа, се даваат нови предели за творење и за збогатување на современата, врз темелите на народната литература.

* Makedonske narodne pjesme. Preveo i obradio: Jure Kaštelan. Zagreb – Beograd 1948
** Songs from Macedonia. Translated by: Andrew Harvey, Ann Pennington. Oxford 1978
*** Блаже Конески, уводна белешка кон антологијата на македонската лирска песна “Блажена гора зелена”, Македонска книга, Скопје 1986, страница 5
**** Блаже Конески, предговор кон антологијата на македонската лирска песна “Блажена гора зелена”, Македонска книга, Скопје 1986, стр. 7
***** Ѓул (турски) – ружа
****** Блаже Конески, предговор кон антологијата на македонската лирска песна “Блажена гора зелена”, Македонска книга, Скопје 1986, стр. 12

Етикети:

сабота, април 14, 2007

PATETICUS RUSTICALE

Кога ќе се разбудиш наутро,
пред зори,
кога ќе сфатиш дека лежиш сам,
кога ќе протечат солзи
врз перницата,
која упорно ја гушкаш...

Кога ќе посакаш некому
да му ги кажеш оние два ништожни збора
„те сакам„,
па го правиш тоа во себе,
за да не ги слушне ветрот...

Кога јазикот,
заморен од неподвижноста во устата,
ја топи чоколадата
што упорно не ги лекува солзите...

Кога ти велат
дека животот е суров
и оти тоа ти го кажуваат
за да те соочат со суровата реалност...

Кога ти велат дека
во животот има убави нешта,
а тебе ти се потребни сега,
во овој момент...

Што е тоа?
Патетика?

Етикети:

понеделник, март 26, 2007

АЈДЕ ДА СЕ ЛАПАМЕ

Сакаш ли
да се лапаме?

Сакаш ли вечерва,
наместо да
водиме љубов,
да се лапаме?

Сакаш ли
со врвот од јазиците
да си ги допираме
крајниците?

Сакаш ли
да се лапаме?

Сакаш ли
со врвот од јазиците
да си ги оближуваме
усниите?

Сакаш ли
да се лапаме?

Сакаш ли
да си пентерираме
еден на друг
во усната празнина?

Сакаш ли
да се лапаме?

Сакаш ли
нашите суви јазици
да се обвиткаат еден со друг
и да заиграат во темнината?

Сакаш ли
да се лапаме?

Кому му зборувам?
Тебе?
Или на огледалото?

Етикети:

вторник, март 20, 2007

ТРАКТАТ ЗА ТОА КАКО ОД ПЕВАЉКА СЕ СТАНУВА БЛОГЕР

Таа веќе подолго време ја следеше сцената на новокомпонирана и турбофолк музика. Секогаш им се беше восхитувала на силиконизираните цицлести пејачки, со полни куропушачки усни, од кои излегуваше топол воздух. И така таа реши да стане пејачка. Отиде со мажа си во Шутка, си подзакупи неколку миничи, маички на бретелки, златни ременчиња, нешто бижутерија, танги од црна до бела и неколку пара штикли ала Пигал, ама во кинеско издание. И бидна пејачка. Пееше во кафаната во Драчево, па во Маџари, потоа секоја среда имаше тезга во „Плејбој„ во Сингелиќ, па се редеа и и се изнаредија еден куп други. Се чувствуваше прекрасно во својата кафанска кариера. Но, таа отсекогаш беше амбициозна, па посака малку да се модернизира. Зеде да подучува работење на Интернет. И така додека една слободна вечер додека го гледаше Јанко како јаде мрсен бурек, слушна за нешто што се нарекува „блог„. Потоа во „Време„ ги прочита основите на блогерајот и си зададе себеси задача: Ќе станам блогерка! Си најде и подучувач, па си отвори блог. И почна да пишува. И пишуваше. И пишува. И... И се заборави од пишување. Се здоби со многу блог-пријатели. Обично тоа беа тестостеронџии, тинејџерки, студенти од Штул, љубители на турбофолк, пацери и сеирџии. И така таа стана блогер. И не само блогер, ами и предводник на блогосферата. Секако, на македонската.

Етикети:

четврток, март 15, 2007

КАКО ХУЛАХОПА МУ СЕ СКАРА НА ЕМИЛ

Си беше еден Емил. Си беше и еден ХулаХопа. Всушност родителите на ХулаХопа прво го беа направиле сина си, а потоа родителите на Емил го направија својот син. И така Емил и ХулаХопа егзистираа како индивидуи, кои никогаш не беа се сретнале. И еднаш се сретнаа со помош на медијатор. И така Емил и ХулаХопа почнаа да се дружат. Се правеа муабети, се јадеа пици, се слушаше музика. Еден ден кога Емил беше сиот распаметен, ХулаХопа реши да му се скара. Емил е збунет. Емил не го слушна она: Скар-скар-скар, навистина скар, ако се скараме, пак ќе се смириме, скар-скар-скар!

Етикети:

понеделник, март 05, 2007

СЕ СЕЌАВАШ ЛИ?

Се сеќаваш ли?
Кога беше мала
кога си игравме зад зградата,
јас бев таткото, а ти мајката.

Се сеќаваш ли?
Кога беше мала
се сончавме во дворот,
јас на зелената, а ти на жолтата сламарица.

Се сеќаваш ли?
На скали, на черги,
седнати, еден троножец маса ни беше,
а ние јадевме леб, патлиџан и сирење.

А, се прашуваше ли тогаш,
зошто не можеш да мочаш стоечки?

Етикети:

сабота, февруари 24, 2007

ЗОШТО БЛОГИРАМ?

Кибернетичката госпожа алијас http://cyber-lady.blog.com.mk/ ми го постави прашањето: Зошто блогираш? Блогирам зашто:
1. Ми се пишува.
2. Не ми е гајле што мислат другите, ама на сите ќе им го кажам својот став.
3. Попаметно е одошто да чатувам.
4. Активно ги користам мозочните ќелии.
5. Воспоставувам комуникација со други луѓе, кои во живо никогаш не би ги запознал.

И:
1. ХулаХопа, зошто блогираш?
2. Гушкачка Земјотреска, зошто блогираш?
3. Мало слатко девојче, зошто блогираш?
4. Оги Доги, зошто блогираш?
5. Цела половина, зошто блогираш?

вторник, февруари 20, 2007

СЕКИДНЕВНОСТ

Пушеше кур
и ич не ти беше гајле.

Потоа дојде
и ме бакна.

Имам негова сперма
на мојата усна.

Ми се чини
дека е густа.

Етикети:

сабота, февруари 17, 2007

МАРА - ОСОЈНИЦА

Кажи, мори Маро,
каде го скри
клучот од срцето на Митрета?

Го скрив онаму,
далеку,
зад три ридој
и зад четири реки,
каде мечка не оди,
каде прч не се качува!

Кажи, мори Маро,
зошто го скри
толку далеку
клучот од срцето на Митрета?

Морав да го скријам,
за никој да не го најде,
оти видов дека
око му фрлила
Султана русокоса!

Кажи, мори Маро,
зошто ти е страв
од Султана русокоса,
та го скри толку далеку
клучот од срцето на Митрета?

Султана е девојка,
девојка невина,
а мојата невиност
одамна е изгубена,
оти му ја дадов на Митрета!

Етикети:

петок, јануари 26, 2007

ШТАФЕТАТА СТАСА И КАЈ МЕНЕ

Сакал јас или не блогерската штафета стаса и кај мене! Ми ја испрати www.lucia.blog.com.mk! Еве што сум и кој сум јас...
СПЕКТАКУЛАРЕН

ТАИНСТВЕН

ЕКСЦЕНТРИЧЕН

НЕЈАСЕН

ПРИНЦИПИЕЛЕН a.k.a ПРЕПОТЕНТНО КОПИЛЕ

Штафетата им ја предавам на:

1. www.hulahopa.blog.com.mk

2. www.striking.beauty.blog.com.mk

3. www.justifymylove.blog.com.mk

4. www.prodavnicanatajni.blog.com.mk

5. www.dukisbook.blog.com.mk

недела, јануари 21, 2007

МОИТЕ ИГРАЧКИ

Прозак
Тродон
Кодеин
Елавил
Хидроаноксикодеин
Вивактил
Бенседин
Синекван
Морадол
Анолодин
Сероксат
Оксиконтаин
Акинетон
Хелекс
Викадин
Бупренорфин
Синтрадон
Норепинефрин
Мадолекс
Буторфенол
Пароксетин
Ксанекс
Норадреналин

петок, јануари 12, 2007

МИКИ И БАНАНАМЕН

Бананамен му беше прекар. Причината не беше бананата со која се истакнуваше насекаде, ами моќта што ја добиваше кога ќе изедеше нешто (а што беше тоа, никој не знаеше да каже). Знаеше и како да ги шмека жените, ама само во воздух, оти на дело некако имаше сомнително однесување, кое за некои не значи ништо, а за други е неприфатливо.
И така беше се возљубил во една мома. Фина, која го разбираше. Не бараше од него премногу, иако му беше постојана инспирација и поддршка во она што го прави. Се грижеше за него. Пред се за неговиот изглед. Не дозволуваше да шета низ градот како што ќе му текне, оти беше пристоен дечко. Не беше љубоморна, и покрај видливите кокетирања што напати ги правеше во нејзино присуство. Сепак, таа има јасна слика и знае со кого и со што си има работа.
Една вечер решија да одат на некаква збирштина. Некои од луѓето таму им беа познати, а сакаа и да се запознаат со други. Таму беше и Мики, позната кафанска певаљка, за која тој имаше слушано од други. Имаше некаква претстава за неа, но реалноста му удри шлаканица.
Откако се претставија, Мики, која беше дојдена со мажа си, му се насмевна благо, давајќи му знак дека и е задоволство што се запознале. Тогаш се разминаа и секој тргна по својот пат.
Почна да се пие, да се журка. Неоти, забавата беше нешто особено, ама колку да се каже, да се направи, да се напумпа, сепак наближува Нова година. По извесно време Мики стапи на сцена. Го зеде микрофонот и почна да пее.
Бананамен се изгази од смеење. Не му беше јасно како певаљкава може да биде толку глупа. Седеше на стол, налактен со левата рака на една пластична маса, додека со другата го држеше пивото. Воопшто не беше свесен кога започна нова песна. Таа му се приближи и почна да пее:

Onoga dana kad smo se sreli,
beše nam jasno ljubav smo hteli
I nikog nismo videli mi,
samo smo bili, samo smo bili ja i ti.

Zvao si me mala Liki,
A ja tebe samo Miki
Brojali smo poljupce
U minutu sto, sto, sto,
to Miki to oooooo!!!

Naidje tako to čudno doba,
kada se želi ljubav da proba
Naidju tako godine lude
Kad usne žele, kad usne žele da ljube.

Zvao si me mala Liki,
A ja tebe samo Miki
Brojali smo poljupce
U minutu sto, sto, sto,
to Miki to oooooo!!!

Život je lep i nema kraja,
pred nama vrata od samog raja.
I nikog nismo videli mi,
samo smo bili, samo smo bili ja i ti.

Zvao si me mala Liki,
A ja tebe samo Miki
Brojali smo poljupce
U minutu sto, sto, sto,
to Miki to oooooo!!!

За сето ова време тој ја гледаше збунето и не можеше да си повреува дека му се дигнал. На певаљката… Неговата мома дури тогаш поѓна да се смее, знаејќи дека кога ќе си одат дома ќе му биде срам да ја погледне, оти му се дигнал на Мики.

Етикети:

среда, јануари 10, 2007

БЕЛО

Сé е бело - белото.
А, и се ебело белото.
Во бели мугри се пипкало,
до црното се допрело,
не му се допаднало.
Оттаму тргнало
по бел пат да пешачи,
бел ден го разденило.
Напладне стасало
во меана ли, во ан ли?
Си седнало, си јадело,
ама и гадно се заебало.
Си тргнало повторно
по бел пат да пешачи,
црна темница го начекала.
Во градот си стасало
во конак ли, во бордел ли?
Таму си влегло,
бело си нашло и
со него ноќта си ја преспало.

1997

Етикети:

вторник, јануари 02, 2007

ПРВО НАВРАЌАЊЕ КОН БИБЛИСКИОТ МОТИВ

И дрво
и камен
и стакло
и хартија
и пластика
и ЈАС
и цемент
и вода
и лепак
и киселина
и пот
и ТИ
и шеќер
и кристали
и струја
и памук
и земја
и НИЕ
и дожд
и масло
и воздух
и кожа
и железо
и СИТЕ
и коноп
и оган
и сол
и месо
и сунѓер
и ЈАС.

1996

Етикети:

петок, декември 29, 2006

ЛОШ ФИЛМ СО РОМЧЕТО ОД ПРЕД ДИСКОТО

Најпрво седевме во “Порта”. Едно-две муабетчиња, по некоја пијачка. Ќе одиме во парк. Диско е вистинска работа, особено пред заминувањето на Билка во Лондон. Треба да се развеселиме, оти разделбите се тешки и тажни, а ние сме премногу “авангардни” за да си дозволиме солзи. И пред влезот еден куп луѓе. Вратарите ме препознаваат и не пропуштаат сите заедно. Мигот беше важен. Од левата страна стои момче со долга кадрава коса. Црномуресто. Ром. Зборува англиски. Сака да влезе внатре. Ама, овие не го пуштаат, зашто сфатиле дека се преправа оти е странец. До кога?

Етикети:

четврток, декември 28, 2006

ИЗВИК

АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!

КОПНЕЖ

АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!

ВОСХИТ

АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!

СЕЌАВАЊЕ

АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!

ВЉУБЕНОСТ

АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
АААААААА ХХХХХХХХ !!!!!!!!!!!!!!!!!!

ТАГА

Етикети:

сабота, декември 23, 2006

ЕСЕЈЏОУПИПИАЈЕНЏИ

Пред црковните порти ја чекав. Пушев цигара и гледав во излозите. Првиот со козметика, мал, никаков, ама велат дека се им било на природна база. Вториот со алва, касато, локум. Имаше и младоженци направени од марципан. Ги јаде ли некој тие две фигури од тортата? Ја земаш невестата и и ја одгризуваш левата цицка, или главата на младоженецот... Подолу во излогот Тинки-Винки и сите останати телетабиси. Па, елки, дедо Мраз, некакви ружи... До него, уште еден дуќан, за облека. Од оние со дрвени штици. Има квалитетни работи во него, ама не примаат картички.
Само што за последен пат потегнав од цигарата, се појави. Од далеку ми ги покажа забите - искрена насмевка. Да си кажам право, не чекав многу, токму за една цигара. И тргнавме. Ама, пред влезот моравме да застанеме. Ништо, пропадна нашиот план.
Броејќи ги мермерните квадрати, наредени долж патеката, се мислевме каде да одиме. Не ми беше кажала нешто за да не ми го „скрши филмот„. Ама, најсетне, ми кажа. Немаше повеќе филм. Иако не знаев, сепак почувствувам дека нешто нема, нешто недостасува.

Етикети:

петок, декември 15, 2006

ОКОЛУ

Како се случи сето тоа?

ДА-то повторно се
најде во ордата на негации.
Тоа секогаш и насекаде
се истакнуваше
со својата невообиченост
и перверзност.
Кога групата го забележа
дека подмолно им се
вовлекло во неа,
започнаа да негодуваат
и да го караат.

Го искаменуваа.

Се обиде да се
врати помеѓу своите.
Тие не го сакаа.

Застана сам на патот,
извади пиштол од средниот џеб
и се уби.

Полицијата ги запиша
сите детали и заклучи:
САМОУБИСТВО.
Случајот е завршен.

1997

Етикети:

недела, декември 10, 2006

ПИЕЈЌИ ЈАСМИНОВ ЧАЈ

Небаре е лотос од фонтаната
или отмена гејша,
се насмевнува и вели:
Те сакам!
Искрено,
ведро,
детски,
наивно,
невино,
ненамерно,
слатко,
малку еротично,
примамливо!
Помислувам:
Каде ли летаат мислите нејзини
додека го вели ова?
Го следам нејзиното пишано минато,
како Јованче и Марика
се враќам по фрлените камчиња,
понекогаш се сопнувам од нив,
онаму каде сум и јас – напати!
И ја гледам како пие
јасминов чај.
Да, местото и е во фонтаната
и во високото јапонско друштво –онаму каде се наоѓа убавината и мудроста.

Етикети:

петок, декември 08, 2006

PURE SEX

FUCK ME, BABY!

FUCK ME HARD!

П.С.
Го напишав текстот на англиски, поради андрогиноста на исказот.

Етикети:

сабота, декември 02, 2006

ВКЛУЧИ СЕ

Ако успееш да влезеш
во овој реален свет
на нереалности,
можеби и ќе
успееш да се вклучиш.
Пред тебе се
простираат безброј загатки.
КОЈ СИ?
ШТО СИ?
КАДЕ СИ?
Има ли смисла да
прашувам?
Едноставно треба да го
вклучам!
МОЗОКОТ!
Загатката сама ќе
се открие.
МОЖЕБИ.
НЕКОГАШ.
А, дотогаш
неизбежни остануваат
трите точки.

Етикети:

среда, ноември 29, 2006

КАКАДУ

Јас над тебе,
ти над мене.
Јас и ти сме над,
а ти и јас сме под.
Чудна е оваа комбинација.
Понекогаш се прашувам
дали вакуумот ќе
ја издржи тежината
на нашата простодушност
и дали би можеле
да дишеме без
взаемната помош
наречена “уста на уста”.

1996

Етикети:

четврток, ноември 23, 2006

ШТО НАПРАВИ ВИУЛИЦАТА?

Во утрото свежо
паѓа тежок мрак.
Во мракот свеж
започнува тешка виулица.
Фиуууууууууу.....
Уф, уф, што ќе беше ова?
Мама под сопствениот
фустан се крие.
- Не плаши се од мене, - вели
мракот во тишината, облеан
во роса, со мирис на утрината.
Еј, види, на прозорецот
самовила се залепила,
а тој ја турка од себе
како да е зла вештерка.
Плочките во бањата
започнуваат да се тетерават
и како епилептичари
паѓаат врз замрзнатиот бетон.
Мама сé уште под
фустанот се крие.
Јас се вртам и погледнувам
кон транзисторот.
Еј, тато си ја зел главата,
си ја ставил под левата мишка
и си ја чеша косата,
размислувајќи за
мудроста на сопственото тело.
Одеднаш се разденува.
Виулицата престана,
самовилата одлета,
мама го соблече фустанот,
плочките се смирија,
а тато се фрли низ прозорецот.

1997

Етикети:

сабота, ноември 11, 2006

0:58

Иако на знам да го кажам
она што сакам да го речам,
сепак тврдам дека сé што
гласно вика е глагол
со кој се означува
бескорисно говорење.

1996

Етикети:

петок, ноември 10, 2006

НОВОГОДИШНАТА НОЌ

Марија Новакова ја отклучи вратата и влезе во својот стан. Надвор паѓаше снег. Го соблече капутот и го истресе снегот од капата. Носот и беше црвен од декемвриското студенило. Потсвирнувајќи таа седна на табуретката и со мака ги собу чизмите. Чувствуваше дека прстите и изѕемнале и дека ќе мора да облече дебели чорапи, за да се загрее. Кога влезе во собата виде дека пред да излезе направила голем неред и не знаеше од каде да почне. Сепак седна на двоседот и го вклучи телевизорот. По петнаесет минути беше веќе заспала. Кога се разбуди беше ноќ. Таа само изусти:
- Do holery jasnej!
Занеше дека долго време спиела, и дека во сонот се беше вратила назад во својот роден град. Ах, колку ли само и недостасуваше нејзиниот сакан Краков. Ги потсобра работоте што беа расфрлани околу неа и повторно седна да гледа телевизија. Знаеше дека и оваа ноќ ќе ја помине сама.
- Подобро би било да заспијам.
Ја стави главата врз украсната перница и повторно отпатува.

Презиме: Новакова
Татково име: Адам
Име: Марија
Датум на раѓање: 31.12.1972
Место на раѓање: Краков, Р.Полска
Националост: Полјачка
Брачна состојба: ОСАМЕНА
1999

среда, ноември 08, 2006

ПОСЛЕДНИОТ ОД ОВОЈ ВИД

Кога Петре го отвори прозорецот, беше речиси полден. Тој обожаваше да станува доцна и барем еден час по будењето да седи така оптегнат на прозорецот со омиленото “утринско” кафе и десетина испушени цигари. Еве веќе три години тој е невработен правник, но тоа нему воопшто и не му пречи, бидејќи, како што вели тој, за се си има време. По утринското кафе и мезе - цигарите, го зема телефонот во раце и започнува со “утринската” фоно - обиколка низ градот. Така. Веќе е три и тој ја очекува мајка си да се појави на врата и да почне да го “гњави” со своите приказни за тоа како тој ништо не прави во животот, освен што по цели денови се излежува и скита по улиците. И беше така. По ова “предавање” следува второто, и кој друг ако не проф. д-р Татко Му. Господинот Александар Ѓорчев беше високопочитуван човек во македонското општество. Тој работеше како потсекретар за односи со странство во МНР. Откако се појави на врата г-н Александар Ѓорчев ја спушти на земја актовката, го соблече мантилот, седна на табуретката, која се наоѓаше во ходникот и почна да вика:
- Ебате животот. Триесет години работам, за што? За да може еден мочко од дваесет и пет години да ме заебава. Па, ќе ме заебава, кога овој овде пред три години дипломираше и се уште не знае креветот да си го намести. Слушаш ли ти? Тебе ти се зборува!
На овој секојдневен монолог Петре реагираше како и секогаш: си палеше цигара, си заминуваше во својата соба, и секако пушташе гласна музика, за да не го слуша гласот на татко му.
По само пет минути во собата влезе мајка му, Мира:
- Петре на татко ти му е лошо, ајде да го однесеме на лекар. Почна да го стега срцето, подобро сега да го однесеме, да му дадат инјекција, отколку да стане полошо.
На оваа молба Петре стана, се облече на брзина, го зеде клучот од колата и со татко си под рака замина. По еден час се врати, сам.
- Каде е татко ти? Што се случи? - во паника запраша Мира.
- Го задржаа во болница. Ќе го пуштат утре, не е ништо страшно. Дај ми сега да јадам, зашто за пола саат треба да излезам.
1999

петок, ноември 03, 2006

ИГРОЗБОРКА

ЕМИЛЕ, КОПИЛЕ!

ЕМИЛ Е КОПИЛЕ!

ЕМИЛ Е КО ПИЛЕ!

Етикети:

СЕЌАВАЊАТА СЕ ВРАЌААТ

Денес се разбудив во 11. Знам дека е ноември. Знам дека надвор е ладно. Се уште не бев погледнал низ прозорецот, а ми дојде некое познато чувство. Не ми требаше многу време да сфатам за што станува збор. Тоа е она чувство нод море. Вечерта врнело, а наутро светнало сонце, ладничко е, ама не толку за да облечеш нешто плус. Ветерот дува и го бранува морето. Се уште е рано. Во 12 ќе биде потопло и ќе се капеме во морето.
И ете, додека го пишувам ова, ме лазат морници и ми навираат солзи на очите. Зошто? Заради изгубената љубов. Не, не е некој, ами нешто. Морето. Не знам зошто, ама мојата најголема љубов е морето. А, него го нема.Се сеќавам пред две години бев на море со две другарки. Кога првпат влегов во топлата и тиркизна вода несвесно по:нав да правам некакви движења. Јас всушност го гушкав морето. Тоа го забележаа и моите две другарки. Констатиравме: Емил го гушка морето. Почнаа да се смејат, а мене не ми беше смешно - јас бев во прегратките на мојата најголема љубов!

недела, октомври 22, 2006

ШТО Е ЉУБОВ?

Да си спие секој на својата страна од креветот. Гушкањето и гњавењето не се нешто што е пожелно за добар сон. Ако се гушкаме, не значи и дека се сакам!

Да не правиме ништо, ако не сакаме да правиме ништо. Нема зошто да се лути едниот на другиот. Едноставно ми се лежи не ми се прави ништо. Тоа не значи дека некој некого не сака!

Помогни ми малку да се средам. Ние сме заедно, ти ми го гледаш мозолчето. Та, помогни ми да го стиснам. Демек ти тоа не го правиш за себе? Потоа ќе си ги измиеш рацете и се ќе биде во ред.

Излегувањето сам не значи дека некој од некого сака да се ослободи. Убаво е понекогаш, колку за постигнување рамнотежа и закрепнување на самостојноста, да се излезе сам.

Ако правиме муабет само за тоа колку се сакаме, значи дека нешто не е во ред со нас. Можеме да правиме муабет за се и сешто и тоа треба да биде примарното во нашата љубов.

Кога одам на шопинг, сакам да купам она што мене ми се бендисува. Затоа, кога ќе се вратам дома не сакам критики за тоа колку пари отишле на нешто. Едноставно, втората преграда од паричникот е моја.

Ако ти кажам дека не ми се прави муабет, не значи дека не те сакам. Едноставно од се ми е преку онаквото и сакам да бидам малку сам со себе. Остави ме да си го изладам мозокот.

Мораме да имаме заедничка музика, заеднички филмови, заеднички книги, заеднички пријатели, заеднички… Тие ни се за кога сме заедно. А, кога не сме, тогаш секој може да си слуша своја музика, да си гледа свој филм, да си чита своја книга…

понеделник, октомври 16, 2006

МОИТЕ ПАРФЕМИ

Инспириран од постот на http://www.striking_beauty.blog.com.mk/ посветен на романот “Парфем” од Патрик Зискинд, решив да им се посветам на мирисите, оние убавите, на неговото величество ПАРФЕМОТ. Мислам дека сиот свој живот сум бил опседнат со него, што од искуство знам дека не е вообичаено за нашава средина. Еве ги моите омилени парфеми, оние што нон-стоп ми се во оптек и без кои не можам да живеам!

SALVADOR
Овој парфем од линијата на Salvador Dali, за првпат бил пуштен во употреба во 1992 година. Неколку години подоцна го имав во своите раце. Во него се измешано најхаризматичните мириси на светов. Фугер, пачули, кедар, лаванда, мошус и сандалово дрво. Невидена комбинација, која го прави мажествен, а нежен, силен и сладок, едноставно неодолив. Тоа е мојот парфем број еден и не го давам за ништо. Ако некој навистина сака да го има ќе мора и да се потруди за да го набави. Кај нас го нема, но секако на фри шоповите по големите аеродроми може да се најде.
LE MALE

Прво што ќе ве плени кај овој парфем од линијата на Jean Paul Gaultier е уникатната амбалажа. Метална кутија во која се наоѓа машко морнарско торзо. Мирисот е апсолутно невообичаен. Сладок, со многу морски елементи. Чувството на разблажен мошус е константно. За првпат го добив на подарок пред осум години. Веднаш ме занесе, го откри она што е навистина глорифицирачко во мене. Кај нас, секако го има, но нешто ми е сомнително кога го видов во парфимерија. Флаконот наместо да биде матиран со бели хоризонтални линии, беше проѕирно стаклен со сина боја. Сепак, фри шопот е најсигурна варијанта.

BODY KOUROS – BLACK

Мислам дека е најстариот под овој назив од линијата на Yves Saint Laurent. Уште кога се појави во продавниците во 2000 година, ме примами. И, секако, на следното мое патување го купив. Првото што се чувствува во овој парфем е неодоливиот спој на еукалиптус со кедар. Него го користам обично преку ден, зашто од една страна е сладок и јак, тип на парфеми какви што сакам јас, а од друга страна не е многу нападен, зашто еукалиптусот му дава свежа нота.

LE ROY SOLEIL

Уште еден парфем од линијата на Salvador Dali. За првпат се појави пред речиси седум години. Тоа беше првиот стрејт парфем од оваа колекција. Нешто што е навистина интересно: спој на ароматични дрва со тутун. Просто е неверојатно како може тутунот да има толку добар мирис. Јас си го користам преку ден, зашто е свеж и лесен. Го има и во мали пакувања, во облик на пенкало, кои можат слободно да се носат во џеб. Повеќе нема причина за мажите да не користат парфем.

DAVIDOFF COOL WATER – SEA, SCENTS AND SUN

Многу ми е мило што успеав да го фатам овој парфем, зашто беше пуштен во ограничена количина. Всушност, благодарен сум му на Игор кој на доаѓање од Амстердам ми го донесе. Оригиналната верзија е произведена во 1998 година, а оваа што мене ми е омилена е од пред една година. Се уште го има во фри шоповите, зашто откако ограничените количини беа потрошени за ужасно кратко време, производителот реши повторно да го происведува. Она што е интересно е што освен стандардот на cool water, во оваа варијанта има повеќе мошус и други масла од алги, кои го доловуваат незаборавниот мирис на морето.

GAMBIT

Ова е модрена верзија на некогаш познатиот Brut. Англискиот производител на парфеми Scentsational го создаде и го пушти во продажба пред две години. Но тогашната и сегашната верзија се разликуваат. Во прво време овој парфем беше со траење на дезодоранс, а во сегашната трае колку и останатите поарфеми, а згора на тоа и мирисот е многу посилен. Доминира миризбата на егзотични дрва, како што е сандалот, измешани со мирис на лимон.

BLV NOTTE

Одличен парфем за мажи од линијата на Bvlgari. Овој парфем, како што кажува и самото име, е вечерен. Машката верзија е спој на ѓумбир, тутунов цвет и масло добиено од егзотичното дрво венги, а сето тоа зачинето со мирис на темна чоколада. Астролозите Сузан Милер и Жан Моран им го препорачуваат овој парфем на оние што се родени во знакот на Овен, Близнаци и Бик. П.С. Јас сум Бик!

LOOTOS

Единствено и незаборавно мирисливо масло. Името е добиено од арапска варијанта на зборот лотос, кој пак е познат и како египетска водна лилја. Потребни се само неколку капки на вратот и прекрасниот ориентален мирис на лотосот останува на кожата преку цел ден. Доколку се најдете во некоја арапска земја, особено во Египет, не заборавајте да си го купите – едноставно е неодолив.

среда, октомври 11, 2006

РЕПОРТАЖА: НА ПАТ КОН ВСЕЛЕНАТА – ЅВЕЗДЕНИОТ ГРАД

Недалеку од главниот град на Русија, Москва, во прекрасна шума обрасната со танки, но високи стебла се наоѓа Ѕвездениот град. Неговото официјално име е Центар за подготовка на космонаути “Гагарин”. Овој мини-град е основан во 1960 година, а името на првиот космонаут го добил во 1968. Не може точно да се даде одговор на прашањето кој му го дал името “ѕвезден”, но така го нарекуваат сите, а и на патоказите што водат кон него е напишано ова неофицијално име.

Уште на самиот влез во градот се гледаат знаци кои сведочат за тоа дека на мештаните им е блиска темата за космички летови. Во деведесетите години во услови на дефицит беше навистина тешко да се добие пропусница за ова место зашто токму во овој град во продавниците имаше сé. Во денешно време дефицитот не постои, режимот со пропусници е сé уште строг, така што не е едноставно да се влезе во овој град.

Односот на мештаните од овој град кон Јуриј Гагарин е навистина топол. Тоа воопшто и не е чудно: најголем дел од жителите се космонаути, нивните семејства, а исто така научнуци и инженери. Во Ѕвездениот град не се продаваат станови. Токму затоа тука не можат да се најдат луѓе чиј живот не е поврзан со космосот. Градот е поделен на два дела - службен и станбен.

Кога се наоѓаме на службената територија на Ѕвездниот град се гледаат сите учебни оддели во кои се подготвуваат космонаутите. Тука е центрифугата во која “се вртат” космонаутите. Многумина ќе се запрашаат зошто токму центрифуга и како изгледа таа. Наизглед тоа е еден куп железо, но нејзините вртежи во сите правци и насоки се навистина зачудувачки. Наоѓајќи се пред оваа машина ретко кој би се согласил да се “повози” на неа. Ваков уред нема никаде на светот. Порано на космонаутите во оваа машина им биле задавани 15 единици, односно тие чувствувале сила која била петнаесетпати поголема од онаа на земјината тежа. Во денешно време на оваа машина се работи со осум мерни единици. За време на тренинзите во контролната соба се наоѓаат голем број лекари и научници кои постојано ја следат состојбата на космонаутот во кабината. За следење се користат аудио-визуелни направи, како и специјално копче кое космонаутот мора да го држи постојано притиснато со што им сигнализира на оние во контролната соба дека сé уште е при свест.

Понатаму следува кабините “Сојуз ТМ” и “Сојуз ТМ-а”. Не станува збор за макети туку за вистински вселенски бродови. Во нив космонаутите тренираат и полагаат испити. Ефектите на престој во космосот се постигнуваат со помош на компјутер. Космонаутот управува со леталото гледајќи на монитор, кој дава речиси веродостојна слика од космосот. Сите чекори на екипажот се контролирани од специјалистите кои седат на пултот во непосредна близина на космичкиот брод. За време на полетувањето, слетувањето и маневрите на орбитата космонаутите обврзно облекуваат скафандер од типот “старт-финиш”.

Доколку прошетате по бродот може да видите многу работи што наликуваат на оние од “Ѕвездени патеки”. Ако случајно ве фаќа клаустрофобија тогаш спалните соби дефинитивно не се за вас зашто во нив се наоѓаат само неколку најнеопходни работи. Интересно е што додека се наоѓаат во космосот членовите на екипажот не јадат седнати на маса, ами висат, а нивната храна се наоѓа во оние пластични кутии што личат на детска играчка. Велат дека храната на космонаутите е вкусна, а тие изјавуваат дека додека се во космосот нивниот вкус се менува: она што на земјата им било вкусно во космосот не е и обратно. Главен прибор во космичкиот брод е барометарот зашто секоја промена на притисокот е знак за тревога. Она што е интересно е дека во космосот најмногу се цени водата, така што секоја кондензација од бродот се собира во посебен резервоар во кој таа се прочистува и се употребува за пиење.

До вселенскиот брод е сместен одделот за тренинг каде се наоѓа станицата “Мир”. За овој оддел може да се каже дека е вистинско ремек-дело зашто е изработено идентично на вселенската станица, а згора на тоа сите корекции што се направени во вселената се внесуваат и тука. На ова место космонаутите ги проучуваат сите детали од станицата и секако стекнуваат искуство за работа на неа.

Малку понатаму се наоѓа и одделението со фрагменти на меѓународната космичка станица каде космонаутите можат да се запознаат детално со секој нејзин дел и начинот на работа одделно. Ова овозможува дистанцирање од станицата во целост и сосредоточување на задачата што му е зададена на секој од космонаутите. И во овој оддел, како и во станицата “Мир”, обврзно е носењето на скафандери, при што космонаутите се навикнуваат на нив и, секако, на нивната тежина, која порано достигнувала и до 110 килограми.

Доклку, пак, продолжиме понатаму по алејата ќе стасаме до хидролабораторијата. Ова е навистина интересен дел зашто посетителие на Ѕвездениот град можат да ги видат космонаутите “во акција”. Станува збор за огромна метална топка исполнета со вода во која космонаутите вежбаат работа на отворено, под вова и под притисок што е мошне важно за нивната кондиција во вселената. На топката се наоѓаат многубројни округли прозорчиња низ кои посетителите можат да видат сé што се случува внатре, но тоа мораат да го прават претпазливо и никако не смее да им падне на ум да мавтаат или, пак, да тропаат по нив зашто со тоа ќе ги деконцентрираат космонаутите кои вежбаат.

Оттука патот води надвор кон прекрасниот и мирен парк во кој можете повторно да се вратите на Земјата и да ги средите впечатоците од ова кратко патување низ космосот.

четврток, октомври 05, 2006

СИ ЈА ПУШТИВ ФАНТАЗИЈАТА

Деновиве многу размислував за луѓето кои ги читам на блог и оние кои ме читаат. Во главава си правев слики, визуелизирав, како би можеле да изгледаат тие луѓе. И така размислував за 8 личности, па потоа ми текна и седнав да гуглам и да најдам слики со кои би можел да си дадам претстава како изгледаат тие. Еве дветмина, иако реков дека размислував за осум. Последната имав веќе чест да ја запознаам, така што веќе знам како излегда. П.С. Се надевам дека ако некој од нив го погледне ова нема да се налути, заштоп тоа е само измислица на мојата сива мозочна маса! ;-)
Јас си ја викам Ана Ахматова. Тоа е мојата омилена поетеса, односно поет. Девојката, според зборовите, ми изгледа многу мило и затоа и дадов и мило име.

Ова е демек Дуле кога бил мал. Не го познавам, ама мислам дека и до денес прави ваква фаца. Кај него ми се допаѓа тоа што е секогаш подготвен за креативно спорење, а на крајот знае и да отстапи, ако види дека нештата за кои се зборува не се баш онакви какви што мислел дека се.

http://www.e-lady.blog.com.mk/

Ова е дамата која понекогаш покажува заби, ама знае да биде и мошне нежна на зборови. Кај неа ми се допаѓа тоа што не се подведува под туѓи мислења.

http://www.ogisinko.blog.com.mk/

Еден од ретките припадници на машкиот пол, што се секусални, ама не се фалат со тоа. Морам да признаам дека во најголемиот дел случаи има право за тоа што го зборува.

http://www.try_km.blog.com.mk/

Е, оваа личност навистина знае да ме изненади со своите фантазии на блогот. Понекогаш можам со часови да седам и да размислувам, да размислувам, да размислувам...

http://www.ribaro.blog.com.mk/

Го чувствувам како секогаш да им се радува на луѓето. Мислам дека е искрен и отворен кон сите, но тажен е кога луѓето ќе го изневерат.

http://www.nestolicno.blog.com.mk/

Многу ми е драго кога ќе прочитам нејзини кометари, зашто секогаш ги охрабрува луѓето во она што го прават добро. Мислам дека е многу толерантна и дека ги сака луѓето.

http://www.pincherbarnet.blog.com.mk/

Е, него го читам поради тоа што си пишува дневник. Некако сум запознаен со неговиот живот. Единствена желба ми е да му го прочитам и тајниот дневник, сигурно има некој фетиш таму.

http://www.refleksii.blog.com.mk/

Неа, за среќа, веќе ја запознав. Џаз, не знам зошто, ама кога ја видов сликава многу ме потсети на тебе, иако знам дека немате никаква допирна точка - едноставно тоа е нешто со бубачките во мојава глава!