Емил

петок, ноември 03, 2006

СЕЌАВАЊАТА СЕ ВРАЌААТ

Денес се разбудив во 11. Знам дека е ноември. Знам дека надвор е ладно. Се уште не бев погледнал низ прозорецот, а ми дојде некое познато чувство. Не ми требаше многу време да сфатам за што станува збор. Тоа е она чувство нод море. Вечерта врнело, а наутро светнало сонце, ладничко е, ама не толку за да облечеш нешто плус. Ветерот дува и го бранува морето. Се уште е рано. Во 12 ќе биде потопло и ќе се капеме во морето.
И ете, додека го пишувам ова, ме лазат морници и ми навираат солзи на очите. Зошто? Заради изгубената љубов. Не, не е некој, ами нешто. Морето. Не знам зошто, ама мојата најголема љубов е морето. А, него го нема.Се сеќавам пред две години бев на море со две другарки. Кога првпат влегов во топлата и тиркизна вода несвесно по:нав да правам некакви движења. Јас всушност го гушкав морето. Тоа го забележаа и моите две другарки. Констатиравме: Емил го гушка морето. Почнаа да се смејат, а мене не ми беше смешно - јас бев во прегратките на мојата најголема љубов!