Емил

четврток, октомври 05, 2006

СИ ЈА ПУШТИВ ФАНТАЗИЈАТА

Деновиве многу размислував за луѓето кои ги читам на блог и оние кои ме читаат. Во главава си правев слики, визуелизирав, како би можеле да изгледаат тие луѓе. И така размислував за 8 личности, па потоа ми текна и седнав да гуглам и да најдам слики со кои би можел да си дадам претстава како изгледаат тие. Еве дветмина, иако реков дека размислував за осум. Последната имав веќе чест да ја запознаам, така што веќе знам како излегда. П.С. Се надевам дека ако некој од нив го погледне ова нема да се налути, заштоп тоа е само измислица на мојата сива мозочна маса! ;-)
Јас си ја викам Ана Ахматова. Тоа е мојата омилена поетеса, односно поет. Девојката, според зборовите, ми изгледа многу мило и затоа и дадов и мило име.

Ова е демек Дуле кога бил мал. Не го познавам, ама мислам дека и до денес прави ваква фаца. Кај него ми се допаѓа тоа што е секогаш подготвен за креативно спорење, а на крајот знае и да отстапи, ако види дека нештата за кои се зборува не се баш онакви какви што мислел дека се.

http://www.e-lady.blog.com.mk/

Ова е дамата која понекогаш покажува заби, ама знае да биде и мошне нежна на зборови. Кај неа ми се допаѓа тоа што не се подведува под туѓи мислења.

http://www.ogisinko.blog.com.mk/

Еден од ретките припадници на машкиот пол, што се секусални, ама не се фалат со тоа. Морам да признаам дека во најголемиот дел случаи има право за тоа што го зборува.

http://www.try_km.blog.com.mk/

Е, оваа личност навистина знае да ме изненади со своите фантазии на блогот. Понекогаш можам со часови да седам и да размислувам, да размислувам, да размислувам...

http://www.ribaro.blog.com.mk/

Го чувствувам како секогаш да им се радува на луѓето. Мислам дека е искрен и отворен кон сите, но тажен е кога луѓето ќе го изневерат.

http://www.nestolicno.blog.com.mk/

Многу ми е драго кога ќе прочитам нејзини кометари, зашто секогаш ги охрабрува луѓето во она што го прават добро. Мислам дека е многу толерантна и дека ги сака луѓето.

http://www.pincherbarnet.blog.com.mk/

Е, него го читам поради тоа што си пишува дневник. Некако сум запознаен со неговиот живот. Единствена желба ми е да му го прочитам и тајниот дневник, сигурно има некој фетиш таму.

http://www.refleksii.blog.com.mk/

Неа, за среќа, веќе ја запознав. Џаз, не знам зошто, ама кога ја видов сликава многу ме потсети на тебе, иако знам дека немате никаква допирна точка - едноставно тоа е нешто со бубачките во мојава глава!

8 Comments:

  • mil Emil, ti blagodaram...

    mojot izbor ne bas e istiot, ama slikata za mene e prekrasnaaa

    By Blogger gersanina, at 3:14 попладне  

  • Коментаров го отстрани администратор на блог.

    By Blogger ribaro, at 12:46 претпладне  

  • бре шо количе си возам на сликчено, по бојата ламбурџини че е, а и машала личен сум и сите запчина ми се на број.. Емил убо машташ пријателе. Поздрав :)

    By Blogger ribaro, at 12:53 претпладне  

  • Boze emil si me nasmeal do solzi.A i toa detenceto lici po malku na mene.Alal da ti e

    By Blogger Dule, at 12:51 попладне  

  • Емил, ме изнасмеа и ме разнежни! :)

    Што би правеле без нашата фантазија? ;)

    By Blogger Beauty, at 12:04 претпладне  

  • си ме погодил да си ибеш векот само што ја сум троа поубав

    By Blogger PINCHER BARNET, at 1:14 попладне  

  • Коментаров го отстрани администратор на блог.

    By Blogger weedboy, at 8:27 попладне  

  • Јас многу ценам фантазија, меѓутоа за луѓе ми е малце смешно.

    Што не си ставите сите слики на блоговите? На тој начин нема никад да дојдете во ситуација да ги замислувате луѓето поубави него што се, па кога
    ќе излезете со нив да се разочарувате.

    На тој начин барем ќе знаете кој како изгледа, па нема да има забуни.

    www.weedboy.blog.com.mk

    By Blogger weedboy, at 8:29 попладне  

Објави коментар

Links to this post:

Создај врска

<< Home