Емил

недела, октомври 22, 2006

ШТО Е ЉУБОВ?

Да си спие секој на својата страна од креветот. Гушкањето и гњавењето не се нешто што е пожелно за добар сон. Ако се гушкаме, не значи и дека се сакам!

Да не правиме ништо, ако не сакаме да правиме ништо. Нема зошто да се лути едниот на другиот. Едноставно ми се лежи не ми се прави ништо. Тоа не значи дека некој некого не сака!

Помогни ми малку да се средам. Ние сме заедно, ти ми го гледаш мозолчето. Та, помогни ми да го стиснам. Демек ти тоа не го правиш за себе? Потоа ќе си ги измиеш рацете и се ќе биде во ред.

Излегувањето сам не значи дека некој од некого сака да се ослободи. Убаво е понекогаш, колку за постигнување рамнотежа и закрепнување на самостојноста, да се излезе сам.

Ако правиме муабет само за тоа колку се сакаме, значи дека нешто не е во ред со нас. Можеме да правиме муабет за се и сешто и тоа треба да биде примарното во нашата љубов.

Кога одам на шопинг, сакам да купам она што мене ми се бендисува. Затоа, кога ќе се вратам дома не сакам критики за тоа колку пари отишле на нешто. Едноставно, втората преграда од паричникот е моја.

Ако ти кажам дека не ми се прави муабет, не значи дека не те сакам. Едноставно од се ми е преку онаквото и сакам да бидам малку сам со себе. Остави ме да си го изладам мозокот.

Мораме да имаме заедничка музика, заеднички филмови, заеднички книги, заеднички пријатели, заеднички… Тие ни се за кога сме заедно. А, кога не сме, тогаш секој може да си слуша своја музика, да си гледа свој филм, да си чита своја книга…

8 Comments:

  • Konecno da ti pisam komentar, a tolku ubavi komentrai mi pisa ti mene. :-)
    Ovoj post i prethodnite dva gi procitav i mi se dopagjaat, posebno ovoj... Ne znam dali e do slikite, ama sakam sliki so lugje, so energija vo vozduhot, so nasmevki...:-)
    Imam slika so dve stapala...od pred poveke od 5-6 godini i ubava mi e, mnogu draga. :-)
    Nekogas ne e lesno da se vidi ubavinata vo ednostavnoto, a toa e sekogas najubavo! :-)
    Pozdrav! Imaj ubav den!
    Natka

    By Blogger Natka, at 10:15 претпладне  

  • И не сфатив сега. Значи, што е љубов?

    By Blogger dejanz1, at 12:29 попладне  

  • prekrasno Emil,
    se soglasuvam vo mnogu aspekti na tvojot nacin na sogleduvanje na ljubovta...

    By Blogger gersanina, at 12:42 попладне  

  • Да си се надоврзам на прашањето... зар е потребно толку филозофирање за нешто толку едноставно и убаво, како што е љубовта? Интересно е кога некој се обидува да ја дефинира љубовта.Љубовта е субјективна, нешто што произлегува однатре и како такво не може да се дефинира.Љубов е длабока поврзаност меѓу двајца и се она што произлегува од тоа.

    By Blogger dejanz1, at 1:41 попладне  

  • Само да ти пишам набрзина дека фотографиите ти се прекрасно синхронизирани сопостовите

    By Blogger Dule, at 8:53 попладне  

  • Љубов како именка,
    љубов како глагол.

    Љубов како љубов!

    By Blogger Бајкобиограф, at 10:59 попладне  

  • se soglasuvam so se shto si napishal osven za toa deka nema poterba za delenje na parichnikot na pregradi.
    cyber lady

    By Anonymous Анонимен, at 2:15 попладне  

  • Претпоставувам дека текстов е заснован на емпирија, зрелост...убаво и точно кажано...поздрав

    By Blogger Natasha, at 8:55 претпладне  

Објави коментар

Links to this post:

Создај врска

<< Home