ШТО НАПРАВИ ВИУЛИЦАТА?
Во утрото свежо
паѓа тежок мрак.
Во мракот свеж
започнува тешка виулица.
Фиуууууууууу.....
Уф, уф, што ќе беше ова?
Мама под сопствениот
фустан се крие.
- Не плаши се од мене, - вели
мракот во тишината, облеан
во роса, со мирис на утрината.
Еј, види, на прозорецот
самовила се залепила,
а тој ја турка од себе
како да е зла вештерка.
Плочките во бањата
започнуваат да се тетерават
и како епилептичари
паѓаат врз замрзнатиот бетон.
Мама сé уште под
фустанот се крие.
Јас се вртам и погледнувам
кон транзисторот.
Еј, тато си ја зел главата,
си ја ставил под левата мишка
и си ја чеша косата,
размислувајќи за
мудроста на сопственото тело.
Одеднаш се разденува.
Виулицата престана,
самовилата одлета,
мама го соблече фустанот,
плочките се смирија,
а тато се фрли низ прозорецот.
1997
паѓа тежок мрак.
Во мракот свеж
започнува тешка виулица.
Фиуууууууууу.....
Уф, уф, што ќе беше ова?
Мама под сопствениот
фустан се крие.
- Не плаши се од мене, - вели
мракот во тишината, облеан
во роса, со мирис на утрината.
Еј, види, на прозорецот
самовила се залепила,
а тој ја турка од себе
како да е зла вештерка.
Плочките во бањата
започнуваат да се тетерават
и како епилептичари
паѓаат врз замрзнатиот бетон.
Мама сé уште под
фустанот се крие.
Јас се вртам и погледнувам
кон транзисторот.
Еј, тато си ја зел главата,
си ја ставил под левата мишка
и си ја чеша косата,
размислувајќи за
мудроста на сопственото тело.
Одеднаш се разденува.
Виулицата престана,
самовилата одлета,
мама го соблече фустанот,
плочките се смирија,
а тато се фрли низ прозорецот.
1997
Етикети: poetry
2 Comments:
Boze Emil!
Ufffff :-((
Dali ova si go napisal togas, vo 1997?
Pozdrav!
http://nestolicno-natka.blogspot.com/
Imaj ubava vecer!
By
Natka, at 3:53 попл.
Да, тогаш, во 1997. Одамна беше, ама не се срамам поради тоа што сум го пишувал. Едноставно тоа биле тогашните импресии и чувства. Се менуваме, ама некои рабопти длабоко, во сржта, остануваат исти, па така и младешката поезија.
By
Емил, at 12:17 претпл.
Објави коментар
<< Home