Емил

среда, ноември 08, 2006

ПОСЛЕДНИОТ ОД ОВОЈ ВИД

Кога Петре го отвори прозорецот, беше речиси полден. Тој обожаваше да станува доцна и барем еден час по будењето да седи така оптегнат на прозорецот со омиленото “утринско” кафе и десетина испушени цигари. Еве веќе три години тој е невработен правник, но тоа нему воопшто и не му пречи, бидејќи, како што вели тој, за се си има време. По утринското кафе и мезе - цигарите, го зема телефонот во раце и започнува со “утринската” фоно - обиколка низ градот. Така. Веќе е три и тој ја очекува мајка си да се појави на врата и да почне да го “гњави” со своите приказни за тоа како тој ништо не прави во животот, освен што по цели денови се излежува и скита по улиците. И беше така. По ова “предавање” следува второто, и кој друг ако не проф. д-р Татко Му. Господинот Александар Ѓорчев беше високопочитуван човек во македонското општество. Тој работеше како потсекретар за односи со странство во МНР. Откако се појави на врата г-н Александар Ѓорчев ја спушти на земја актовката, го соблече мантилот, седна на табуретката, која се наоѓаше во ходникот и почна да вика:
- Ебате животот. Триесет години работам, за што? За да може еден мочко од дваесет и пет години да ме заебава. Па, ќе ме заебава, кога овој овде пред три години дипломираше и се уште не знае креветот да си го намести. Слушаш ли ти? Тебе ти се зборува!
На овој секојдневен монолог Петре реагираше како и секогаш: си палеше цигара, си заминуваше во својата соба, и секако пушташе гласна музика, за да не го слуша гласот на татко му.
По само пет минути во собата влезе мајка му, Мира:
- Петре на татко ти му е лошо, ајде да го однесеме на лекар. Почна да го стега срцето, подобро сега да го однесеме, да му дадат инјекција, отколку да стане полошо.
На оваа молба Петре стана, се облече на брзина, го зеде клучот од колата и со татко си под рака замина. По еден час се врати, сам.
- Каде е татко ти? Што се случи? - во паника запраша Мира.
- Го задржаа во болница. Ќе го пуштат утре, не е ништо страшно. Дај ми сега да јадам, зашто за пола саат треба да излезам.
1999

0 Comments:

Објави коментар

Links to this post:

Создај врска

<< Home