Емил

петок, ноември 10, 2006

НОВОГОДИШНАТА НОЌ

Марија Новакова ја отклучи вратата и влезе во својот стан. Надвор паѓаше снег. Го соблече капутот и го истресе снегот од капата. Носот и беше црвен од декемвриското студенило. Потсвирнувајќи таа седна на табуретката и со мака ги собу чизмите. Чувствуваше дека прстите и изѕемнале и дека ќе мора да облече дебели чорапи, за да се загрее. Кога влезе во собата виде дека пред да излезе направила голем неред и не знаеше од каде да почне. Сепак седна на двоседот и го вклучи телевизорот. По петнаесет минути беше веќе заспала. Кога се разбуди беше ноќ. Таа само изусти:
- Do holery jasnej!
Занеше дека долго време спиела, и дека во сонот се беше вратила назад во својот роден град. Ах, колку ли само и недостасуваше нејзиниот сакан Краков. Ги потсобра работоте што беа расфрлани околу неа и повторно седна да гледа телевизија. Знаеше дека и оваа ноќ ќе ја помине сама.
- Подобро би било да заспијам.
Ја стави главата врз украсната перница и повторно отпатува.

Презиме: Новакова
Татково име: Адам
Име: Марија
Датум на раѓање: 31.12.1972
Место на раѓање: Краков, Р.Полска
Националост: Полјачка
Брачна состојба: ОСАМЕНА
1999

1 Comments:

Објави коментар

<< Home