Емил

среда, април 30, 2008

ONE YEAR OLDER, BUT NONE THE WISER!


понеделник, април 28, 2008

СУКА БЛЯДЬ!


Ти`бам! Таман мислев дека ќе одам на концерт, ќе си испорипам, ќе се изнапејам и ќе гледам шоу... кога утринава добивам ес-ем-ес: концертот на групата The Pussycat Dolls е откажан! Никол била болна. И Кајли ќе ја пропуштам. Се враќам дома на 10 јуни, а таа доаѓа на 20. Башка и Софија ќе ја утнам, оти ќе сум тука! Е, навистина немам среќа! Немам среќа ниту во љубов, ниту во концерти! ;-)

сабота, април 12, 2008

ВЧЕРА – КОНЦЕРТ

На мојот другар ХулаХопа еднаш му ветив дека ќе пишувам за Москва. Речиси никогаш не седнав да напишам нешто. Речиси никаде не одев, зашто најзначајните нешта сум ги видел неколкупати, а мразовите не ми даваа волја да се придвижам.
И ете, вчера, по некаква случајност, отидов на концерт во Московскиот Државен Конзерваториум. Карти, секако, е тешко да се најдат, но мојот единствен пријател тука успеја да набави, па дури и ги добивме најдобрите седишта.
Не знаев што ќе има на програмата, а излезе дека е нешто, кое навистина ми беше потребно: Моцарт – 40 симфонија сол минор и Брамс – Германски реквием.
Големата сала на Конзерваториумот е стара, однадвор добро зачувана, однатре со паркет и килими, а за да се дојде до неа треба да се оди по развиенот лавиринт. Многу „забегани„ лица, баби и дедовци специјално облечени за оваа пригода, позери, млади луѓе кои дошле навистина да слушаат, онака во фармерки и маичка.Тука сé уште постои традиција пред почетокот трипати, во интервал од две минути, да заѕвони ѕвончето. И ете, по третиот пат се затворија вратите од салата.
На сцена излезе симфонискиот оркестар. Сите беа облечени и средени. Потоа се појави анонсиерот (или конферансие, ако повеќе милувате), облечен небаре излегол од „Евгениј Онегин„, та ни раскажа што ќе слушаме во првиот дел и кои се учесниците.
Излезе диригентот – Павел Коган. Велат големо име во Русија, Евреин според презимето. И почна Моцарт. Во првите две минути одвај се воздржав да не прснам од смеја, оти маестро Коган изгледаше мошне смешно, диригираше со толкав занес, така што неколкупати му се случи со диригентската палка да удри по дрвениот нотен држач кој стоеше пред него. Потоа се апстрахирав. Гледав некаде во длабочината на сцената и слушав. Неоти беше нешто спкетакуларно (сепак оркестарот беше добар), ами ме привлече акустиката, оној простор каде се развиваат и заминуваат звуците. Токму тоа му е потребно на моето тело, звуци кои не го сечат, не го бодат, туку кои се впиваат во него. 40 симфонија заврши. Пауза.
Вториот дел започна исто како и првиот – со анонсиерот. Изелезе Државната Академска Хорска Капела на Русија „А. А. Јурлова„. Излегоа и двајцата солисти: Ана Пегова (сопран) и Андреј Батуркин (баритон). Хорот беше одличен, нивните гласови беа како еден глас, кој во веќе споменатата акустика дваше емоција и топлина. Солистите – професионални, повеќе техичари, одошто надарени, што не значи дека не беа талентирани.
И заврши концертот. Излеговме, како од козметички салон и тргнавме во потрага по место во некој ресторан. Ете, ХулаХопа, таква беше мојата петочна вечер. З.Л., пријателе, ти благодарам за поканата.

среда, април 09, 2008

How do I feel? (How good not to love - Baby Doll)