ПОЛИТИЧКИ АНГАЖИРАНА МУЗИКА
Деновиве, додека го слушав последниот албум на Едо Маајка, почнав да размислувам за политичката ангажираност на музиката, особено кога станува збор за рапот и хип-хопот. Со многумина со кои сум разговарал велат дека се против политичкото ангажирање на уметноста, без разлика кава и да е. Но, дали можеме да ја одделиме уметноста, однсно културата, бидејќи зборуваме за рап култура, која не е признаена како уметност, од политичките текови?
Па, една ваква кратка анализа ќе ја започнам со нештата со кои се занимава уметноста, односно музиката. Прво што секому би му паднало на памет е љубовта. Таа е универзална и постојано е актуелна, па затоа и мошне често ја среќаваме во музиката. Се воспева првото вљубување, среќно вљубениот пар, се проколнува оној што некому му го слршил срцето, онаа другата што и го зела мажот, несреќната љубов - значи се обработува љубовта од сите можни агли, перспективи, начини! И тука нема ништо лошо.
Вториот материјал за опсервација е природата. И навистина заслужува. Природата е едно од нештата што не смее никој и никаде да го заборави. Макар што морам да принзаам дека во последно време е запоставена од страна на уметноста, но затоа ми е мило што луѓето ја посетубваат и стапуваат во комуникација со неа.
Примери можеме да редиме до сто и една и назад. Ама, сега е е време за политиката. Навистина, порано таа не била некаков огромен предмет на опсервација од страна на музиката, но затоа тогаш доминирала во литературата или во сликарството. Демократијата, пак, си го направи своето. Движејќи се на работ на анархија, таа дозволува секој да си каже што има, памакар сето тоа да звучи крајно вулгарно, а во некои сегменти и простачки. Но, тоа е и поенатата на демократијата во музиката - секој си има свој начин и бира средфства за изразување што нему му одговараат. Згора на тоа, кога политиката има право да и „упаѓа во збор на музиката„ таа мора да реплицира, бидејќи тоа е нејзиното демократско право. Башка, сите пликања по политиката и политичарите се мошне добар вентил за ослободување од прозаичните фрустрации на човекот. Е, токму тука е и оправдувањето на политички ангажираната музика: таа му служи на човекот, а тоа е и нејзината основна функција.
Јас продолжувам да го слушам Едо Маајка, иако некој можеби ќе каже дека навистина правам турлитава со изборот на музиката што ја слушам, но сепак сум космополит, специјалност ми се варијациите, варијантите и варијабилите.