ЛОШ ФИЛМ СО РОМЧЕТО ОД ПРЕД ДИСКОТО
Најпрво седевме во “Порта”. Едно-две муабетчиња, по некоја пијачка. Ќе одиме во парк. Диско е вистинска работа, особено пред заминувањето на Билка во Лондон. Треба да се развеселиме, оти разделбите се тешки и тажни, а ние сме премногу “авангардни” за да си дозволиме солзи. И пред влезот еден куп луѓе. Вратарите ме препознаваат и не пропуштаат сите заедно. Мигот беше важен. Од левата страна стои момче со долга кадрава коса. Црномуресто. Ром. Зборува англиски. Сака да влезе внатре. Ама, овие не го пуштаат, зашто сфатиле дека се преправа оти е странец. До кога?
Етикети: fiction