Емил

недела, декември 10, 2006

ПИЕЈЌИ ЈАСМИНОВ ЧАЈ

Небаре е лотос од фонтаната
или отмена гејша,
се насмевнува и вели:
Те сакам!
Искрено,
ведро,
детски,
наивно,
невино,
ненамерно,
слатко,
малку еротично,
примамливо!
Помислувам:
Каде ли летаат мислите нејзини
додека го вели ова?
Го следам нејзиното пишано минато,
како Јованче и Марика
се враќам по фрлените камчиња,
понекогаш се сопнувам од нив,
онаму каде сум и јас – напати!
И ја гледам како пие
јасминов чај.
Да, местото и е во фонтаната
и во високото јапонско друштво –онаму каде се наоѓа убавината и мудроста.

Етикети: