Емил

четврток, декември 10, 2009

(НЕ)ЧИСТИ МИСЛИ ПРЕД ЗАСПИВАЊЕ

Сите ги фаќа некаков шизофреничен напад да пишуваат за ЕУ, за политиката, за глобализацијата, за постмодерната, за сексуалноста.... Некако заборавивме на малите и едноставни работи во нашиот живот. Сношти, додека се обидував да заспијам, размислував за далечинскиот управувач, со чија помош постојано шетам по каналите. Се замислив колку би ми било сега тешко да станам, да отидам до телевизорот и да сменам канал. Ама, ете, има решение – далечинско. Потоа ми се заврте во глава мобилниот телефон. Пред дваесетина години приазната одеше вака: Следниот вторник во 15 часот ќе се најдеме пред Тифани и ќе одиме низ продавници. Денес кога се договарам, морам да се слушнам со другата личност најмалку еден час пред терминот, за да потврдам дека ќе дојдам. Значи, мобилниот телефон ми го олеснува животот. Е, така можам да раскажувам за мал милион играчки, без кои денес е невозможно да се живее. Но, ми светна една мисла: секој ден кога ги обувам чевлите, морам да ги заврзам. Врвки! Зошто човекот не измислил некоја поедноставна финта за да може да се стегнат чевлите? Хм, можеби никому не му паднало на ум? Мислам дека тоа не е причината. Врвките се најнадежното нешто со кое може да се прицврстат чевлите. Не е потребно многу време, ниту труд, освен ако не си прејаден, па не можеш да се наведнеш за да ги заврзеш. А, копчето? А, приборот за јадење?