Емил

петок, јануари 12, 2007

МИКИ И БАНАНАМЕН

Бананамен му беше прекар. Причината не беше бананата со која се истакнуваше насекаде, ами моќта што ја добиваше кога ќе изедеше нешто (а што беше тоа, никој не знаеше да каже). Знаеше и како да ги шмека жените, ама само во воздух, оти на дело некако имаше сомнително однесување, кое за некои не значи ништо, а за други е неприфатливо.
И така беше се возљубил во една мома. Фина, која го разбираше. Не бараше од него премногу, иако му беше постојана инспирација и поддршка во она што го прави. Се грижеше за него. Пред се за неговиот изглед. Не дозволуваше да шета низ градот како што ќе му текне, оти беше пристоен дечко. Не беше љубоморна, и покрај видливите кокетирања што напати ги правеше во нејзино присуство. Сепак, таа има јасна слика и знае со кого и со што си има работа.
Една вечер решија да одат на некаква збирштина. Некои од луѓето таму им беа познати, а сакаа и да се запознаат со други. Таму беше и Мики, позната кафанска певаљка, за која тој имаше слушано од други. Имаше некаква претстава за неа, но реалноста му удри шлаканица.
Откако се претставија, Мики, која беше дојдена со мажа си, му се насмевна благо, давајќи му знак дека и е задоволство што се запознале. Тогаш се разминаа и секој тргна по својот пат.
Почна да се пие, да се журка. Неоти, забавата беше нешто особено, ама колку да се каже, да се направи, да се напумпа, сепак наближува Нова година. По извесно време Мики стапи на сцена. Го зеде микрофонот и почна да пее.
Бананамен се изгази од смеење. Не му беше јасно како певаљкава може да биде толку глупа. Седеше на стол, налактен со левата рака на една пластична маса, додека со другата го држеше пивото. Воопшто не беше свесен кога започна нова песна. Таа му се приближи и почна да пее:

Onoga dana kad smo se sreli,
beše nam jasno ljubav smo hteli
I nikog nismo videli mi,
samo smo bili, samo smo bili ja i ti.

Zvao si me mala Liki,
A ja tebe samo Miki
Brojali smo poljupce
U minutu sto, sto, sto,
to Miki to oooooo!!!

Naidje tako to čudno doba,
kada se želi ljubav da proba
Naidju tako godine lude
Kad usne žele, kad usne žele da ljube.

Zvao si me mala Liki,
A ja tebe samo Miki
Brojali smo poljupce
U minutu sto, sto, sto,
to Miki to oooooo!!!

Život je lep i nema kraja,
pred nama vrata od samog raja.
I nikog nismo videli mi,
samo smo bili, samo smo bili ja i ti.

Zvao si me mala Liki,
A ja tebe samo Miki
Brojali smo poljupce
U minutu sto, sto, sto,
to Miki to oooooo!!!

За сето ова време тој ја гледаше збунето и не можеше да си повреува дека му се дигнал. На певаљката… Неговата мома дури тогаш поѓна да се смее, знаејќи дека кога ќе си одат дома ќе му биде срам да ја погледне, оти му се дигнал на Мики.

Етикети:

4 Comments:

  • То Емиле То...
    Абе чудна работа се певаљките, релаксираат двосмислено иако се знае во која смисла :)

    By Anonymous ribaro, at 12:40 претпладне  

  • Хе-хе, ова е мала фикција, посветена некому, ама тешка е за препознавање, па и тројцата учесници во приказнава изгледа се уште не се препознале! ;-)

    By Blogger Емил, at 1:14 попладне  

  • Певаљките отсекад ми биле чудна раса на сушстества...како некоја глупа, ретардирана, пост-модернистичка верзија на промискуитетни нимфи. О_о

    By Anonymous Kyril, at 4:38 попладне  

  • znam deka se raoti za Kimi ...
    hahahahaha

    a onoj Bananamen
    pojma neam ko e

    By Anonymous Анонимен, at 9:52 попладне  

Објави коментар

Links to this post:

Создај врска

<< Home